Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

0
By Marija Todorovska on January 25, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согласно ЕУ стандардите и локалните потреби, вака се обучени првите 90 советници кои на земјоделците ќе им помагаат во секој сегмент од производството. Советниците денеска и официјално ги добија сертификатите, откако претходно поминаа низ 13 обуки, но знаењето ќе мора во континуитет да го обновуваат, за да ги задржат лиценците. Тие се евидентирани во електронски регистар, лесно достапен и преку мобилна апликација.

Како што истакнаа министерот за зермјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и евроамбасадорот Дејвид Гир пред доделувањето на сертификатите, регистарот е дел од ИТ систем кој на земјоделците, освен за советници, ќе им биде и главен извор за информации во однос на непогоди, потенцијална заштита на посевите, работилници, семинари за производството, ИПАРД инфо денови, презентации за рурален развој, директни палаќња, географски ознаки, јавни огласи, повици за земјиште, заштита на традиционалните производи, фитосертификати, податоци за акредитирани лаборатории,… и сите услуги што ги дава Министерството за зермјоделство, шумарство и водостопанство.

ИТ системот е реализиран со 150 000 евра финансиска поддршка од ЕУ.

-Ова е прв проект на МЗШВ највисоко оценет од ЕУ, за чие времетраење е донесен и соодветен Закон. Проектот е пример како треба да се ангажираме. Веднаш е применлив во пракса, ги оправдува средствата, времето и човечкиот потенцијал инвестирани во него, самоодржлив е и доаѓа во вистински момент, подвлече Николовски.

Евроамбасадорот  Гир порача дека за целосни резултати на проектот,  односно за да нема одложување во обезбедувањето услуги за земјоделците, мора да се донесат и подзаконски акти за Законот за воспоставување на советодавниот систем.

-Важноста на советите и образованието во земјоделството е поголема од кога било претходно. Земјоделците треба да донесуваат одлуки базирани на инфорамции, за производството да биде сигурно. Тие мора да имаат вештини и знаења за да се прилагодат на средината која се менува и да ги минимизираат последиците од климатските промени, истворемено подготвувајќи се за учеството на единствемиот пазар на ЕУ. Досега македонските земјоделци имаа ограничен пристап до квалитетни советодавни услуги поради недостигот на систематски пристап и обуки, но сега ситуацијата се менува. Новиот советодавен систем согласно ЕУ стандардите ќе им помогне да ги разберат и да ги исполнат ЕУ правилата во однос на животната средина, јавното здравје, здравјето и благосостојбата на животните и добрата земјоделска пракса, потенцира Гир.

Тој истакна и дека ИТ системот ги опфаќа сите чекори: поднесување барање, добивање лиценца, пријавување, поднесување извештаи, со што, напомена, ќе се подобри транспарентоста.

-Целта на овој проект не е само почеток на советодавниот систем, туку и да се осигураме дека системот ќе биде одржлив, дека ќе има продолжение на политиките кои носат позитивни промени во секторот, високи стандарди, конкурентост и фер приходи за земјоделците, дополни евроамбасадорот.

Наскоро, како што најави министерот Николовски, согласно Законот за воспоставување на советодавниот систем ќе се конституира совет за мониторинг и координација на ИТ системот, составен од претставници на  21 различна институција: агенции, комори, наука, земјоделски здруженија, односно од сите економско-социјални партнери.

„зелениот сертификат” Дејвид Гир ЕУ стандаради земјоделство Љупчо Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.