Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонци во странство: Петар Поповски – како Данска се справува со коронавирусот

0
By Биљана Секуловска on March 27, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Петар Поповски, професор по телекомуникации, на Алборг Универзитетот, каде го води Департментот за конективитет и комуникации. Живее и работи во Алборг, Данска, веќе 19 години.

Секуловска: Кога ви се обратив за интервју, ми кажавте дека сте дома, од дома работите. Како функционирате воопшто работејќи дома?

Поповски: Тука во Данска повеќето јавни институции и сите универзитети и школи се затворени од пред 10-тина дена. Секако дека е предизвик тоа што фамилиите, покрај работата, треба и да помагаат на децата со училишните обврски, затоа што училиштата се делумно префрлени онлајн (давање задачи, материјали за учење и сл.)

На универзитетот предавањата и сите активности се префрлени да бидат онлајн и тоа засега функционира одлично. Во мојата група и без ова голем процент од работата е онлајн, соработуваме во истражувањата со групи од цел свет, така што тоа продолжува непроменето. Многу конференции се префрлаат да бидат онлајн, што е пример како технологијата нé прави робусни и прилагодливи. Во крајна линија, јас сум професор по телекомуникации и луѓето од мојата фела треба меѓу првите да дадат пример како се префрлаат активностите да бидат онлајн.

Секуловска: Дали сите фирми ги пратија работниците дома, дали е задолжително или само препорака, што е со јавниот сектор, дали и за нив важи препораката?

Поповски: Сите институции од јавен сектор кои немаат критична функција се затворени и префрлени онлајн, а таква препорака има и за приватните фирми. За некои типови приватни фирми е наредено затворање (фризери, козметичари и слични каде има непосреден контакт), а рестораните може да даваат само храна за носење дома.

Секуловска: Каква е ситуацијата во Данска, како се справува државата со коронавирусот?

Поповски: Мислам дека, во дадениот контекст, доста успешно. Статистиката која ја гледав покажува дека порастот на новозаразени случаи е линеарен, а не експоненцијален, така што мерките на карантин даваат резултати. Секако тоа треба да се земе со резерва, затоа што кога бројките се мали разликата меѓу експоненцијален и линеарен пораст не е голема, а плус има и статистичка флуктуација. Од вчера мерките за затварање на институции и социјално оддалечување се продолжени до 13 април 2020.

Секуловска: Дали се затворени сите објекти како во Македонија- ресторани, шопинг центри, училишта, универзитети?

Поповски: Бутиците во шопинг центрите се затворени, супермаркети и аптеки работат нормално. Исто така, мислам дека отворени се и најголем дел од другите продавници кои не се дел од затворен шопинг центар.

Секуловска: Како е ограничено движењето на граѓаните, дали се придржуваат, дали се почитуваат инструкциите на државата?

Поповски: Границите со соседните земји се затворени, т.е. има контрола и ако нема силна причина за посета (работа или постојан престој), луѓето ги враќаат од граница. Се препорачува да не се патува надвор. Не смее да има собирање во групи од повеќе од 10 луѓе, супермаркетите се обележани за да се држи дистанца. Дел од вработените во јавната администрација се ангажирани во патроли кои следат и укажуваат на групи луѓе на улица кои се правилата. Генерално, не е забрането движењето надвор, но во мали групи и не концентрирано на мал простор. На пример, не е проблем да се оди на една тура шетање или трчање.

Секуловска: На кој начин функционира образованието, дали има потешкотии за наставниот кадар и учениците?

Поповски: Има предизвик и да се работи од дома и да се асистира со училишните обврски, но онлајн алатките многу помагаат. На универзитетот сите активности се извршуваат скоро непречено, се држат часови, бранат докторати, се држат состаноци и сл. Единствено е предизвик со студентските проекти и со истражувањата кои имаат експериментална компонента и бараат пристап во лабораторија.

Секуловска: Дали се размислува за полициски час?

Поповски: Не, колку што знам, генерално се следат мерките дисциплинирано.

Секуловска: Каква е реакцијата на граѓаните, дали се смирени и дисциплинирани, дали има оптимизам за брзо решение на кризата?

Поповски: Имаше мала супермаркет-паника, како и секаде, кога првпат се воведоа мерките, сега тоа е минато. Имам импресија дека постои смиреност и дисциплина. Мојата истражувачка група има над 20 луѓе и, ако тоа е некој претставник на општеството, дел се анксиозни околу тоа колку ова ќе потрае, но во целост, функционираме. Од друга страна, се ангажира квалификуван медицински персонал кој не работи активно во медицината за да помогне во оваа ситуација.

Секуловска: Какви се економските последици за земјата, кои се мерките на Владата?

Поповски: Воопшто не сум експерт за ова прашање, но изгледа дека најголемата несигурност е за тоа кои ќе бидат економските последици. Се воведуваат мерки за масовна помош на претпријатијата, посебно мали и средни, асистенција од банките во кредити, асистенција со дел од плата на вработените во мали претпријатија. Една статистика покажуваше како бројот на огласени работни места рапидно се намалува уште пред да ескалира кризата во Европа. Многу индиции и експерти велат дека оваа криза ќе биде поголема од таа во 2008 и ќе ги погоди и побогатите земји, се очекува голема невработеност.

Секуловска: Кои се предвидувањата на официјалните претставници, на експертите, кога се очекува крај на кризата?

Поповски: Мерките за карантин и социјално оддалечување во Данска се засега на сила до 13 април, но не се знае дали ќе продолжат. Тешко е да се прават предвидувања кога се справуваме со експоненцијален феномен како што е оваа пандемија, па затоа се преземаат многу мерки на претпазливост. На пример, скоро сите конференции од мојата област во април и мај се или откажани или префрлени онлајн, што е индикација дека ова се очекува да трае минимум до јуни.

Данска Искуства Коронавирус Петар Поповски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.