НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон ги презентира приоритетите на француското претседателство со ЕУ од први јануари

0
By Mirjana on December 10, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Елисејската палата размислува на големо и најави неколку самити и десетици состаноци во Франција, кои ќе бидат додадени на формалниот совет на министрите закажан во Брисел. Севкупно, планирани се околу 400 состаноци, главно во текот на првите три месеци од француското претседателство. Тие ќе почнат со говор на шефот на државата во Парламентот во Стразбур на 19 јануари.

Реформа на Шенген зоната, пакт за миграцијата, одбрана на Европа… Ова се дел од приоритетите на шестмесечното француско претседателство со Советот на ЕУ, на почетокто на 2022 година, што шефот на француската држава Емануел Макрон вчера ги истакна на речиси двочасовната конференција за печатот, јави дописникот на МИА.

Макрон се уште ја нема претставено својата програма за Франција и на четири месеци пред претседателските избори тој официјално се уште не е официјален кандидат , иако вчера ја испорача својата визија за Европа.

Набројувајќи ги многуте проекти што тој има намера да ги спроведе – реформирање на Шенген зоната, унапредување на миграцискиот пакт, забрзување на изградбата на европска одбрана, „фундаментален ремонт“ на односите меѓу стариот континент и Африканската унија, „Изградба на нов европски модел на раст“, „преиспитување на буџетската рамка“, помирување на економскиот развој и климатската транзиција, регулирање на дигиталниот свет, … Макрон, се чини, ги игнорираше вистинските прерогативи дадени од претседавањето со Советот на ЕУ, како и неговата привремена природа.

Особено затоа што, во случајот со Франција, времето во кое Париз ќе може да презема иницијативи ќе биде уште поограничено од вообичаеното – два и пол месеци – со оглед на должноста на резерва што му е наметната на Емануел Макрон и неговите министри како дел од француската изборна кампања. Без оглед на тоа, шефот на државата наведе и многу иницијативи кои се веќе напреднати – Комисијата треба да го претстави својот предлог за реформа на Шенгенскиот код следната недела – нацрт-директиви кои се добро напреднати – ова е случај со текстовите за минимална плата или за регулирање на дигиталниот простор – кои се долгорочни стратегии за кои ништо не вели дека ќе ја видат светлината на денот.

„Ротационото претседателство не е само хотелска функција, која се состои во организирање на советите на министри на 27-те и барање компромис меѓу земјите-членки за теми кои често ги делат“, изјави Емануел Макрон.

-Тоа е исто така функција на инспирација, активирање. Всушност, Елисејската палата размислува на големо и најави неколку самити и десетици состаноци во Франција, кои ќе бидат додадени на формалниот совет на министрите закажан во Брисел. Севкупно, планирани се околу 400 состаноци, главно во текот на првите три месеци од француското претседателство. Тие ќе почнат со говор на шефот на државата во Парламентот во Стразбур на 19 јануари.

На оние во Брисел и во европските престолнини кои стравуваат дека ќе го инструментализира француското претседателство со Советот на ЕУ во корист на сопствената кампања, шефот на државата јасно им порача дека нема намера да ги воздржува своите амбиции, но дека што е можно почесно би ја исполнувал својата улога.

-Демократскиот живот на нашата нација ќе биде тој што од крајот на април на овие теми ќе ги каже позициите што ќе ги има Франција. Можеби политиката на Франција ќе се промени, но сигурно, Франција ќе остане Франција, во секој случај. Ќе сторам се и ќе го сторам тоа во текот на следните месеци до изборите,додаде тој.

Од неговиот избор во 2017 година, прославен под звукот на европската химна „Одата на радоста“,  Макрон е лидер на проевропејците против националистите и популистите.

-Кога ја браните Европа, мора целосно да ја браните. Не можете да кажете дека ја сакам Европа, но не ми се допаѓа нејзината правна градба, ја сакам Европа, но договорите не се применливи овде. Тоа е смешна Европа, рече тој, имплицитно критикувајќи  ја крајната десница и крајната левица, но и десницата, која во последниве недели ги зголеми критиките кон институциите на заедницата.

Макрон, исто така, го искористи овој форум за да направи преглед на неговата европска акција и да си честита за напредокот постигнат од Европа за време на неговиот петгодишен мандат. Тој секако го спомна европскиот план за закрепнување од 750 милијарди евра, финансиран од заедничкиот долг за 27-те,  прв во историјата на ЕУ,  но и групното купување вакцини против Ковид-19, што им овозможи пристап на сите Европејци до вакцинација.

-Покажавме дека посилна, посуверена, пообединета Европа е добра за Франција, инсистираше тој.

Макрон има намера да го продолжи овој момент и се проектира во Европа како да мора да остане во Елисејската палата, по гласањето во април 2022 година. Така, на 10 и 11 март, тој ќе организира самит на ЕУ во Франција да изгради десетгодишна стратегија што ќе и овозможи на Европа да дизајнира нов модел на раст.

Соочен со предизвиците на дигиталните и климатските транзиции, Стариот континент ќе мора масовно да инвестира, инсистира тој. Ќе биде неопходно да се одлучи, тврди, дали тоа ќе се направи благодарение на поголем буџет на Заедницата, што евентуално би можел да се финансира со заеднички долг. Или со прибегнување кон буџетски третман на националните инвестиции што ќе овозможи да се избегнат ограничувањата на Пактот за стабилност и раст и критериумите од Мастрихт.

-Со децении живееме во буџетска и финансиска граѓанска војна, продолжи шефот на државата, осврнувајќи се на бескрајните борби меѓу северна Европа, предводена од Германија и поврзана со финансиската ортодоксија, и јужна Европа, повеќе штедливи.

„Ако сакаме Европа на целосна вработеност“, продолжи тој – и ако сакаме да веруваме во „Европа на невработеност, тоа би било војна“ – ќе мора да го смениме софтверот. Дури и ако Берлин со Ковид-19 кризата успеа да ги скрши табуата, во оваа фаза не е сигурно дека новиот канцелар Олаф Шолц, со кој Макрон денеска треба да се сретне, е подготвен.

Во реалноста, претседателот не сака да ја има оваа дебата за време на неговото претседателствување.

-Премногу е рано, изјави тој вчера, повикувајќи да се почека да се види што ќе даде европскиот план за закрепнување – чии средства почнаа да пристигнуваат во касата на државите – пред да се премине во следната фаза. Шефот на државата, исто така, знае дека во Франција оваа дебата е политички поткопана, меѓу десницата која ја оцрнува нејзиниот лаксизам и левицата која ја осудува нејзината ортодоксија.

Макрон приоритети ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.