Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон и Балканот: „Не“ кое значи „можеби“?

0
By Нова ТВ on December 23, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Ив Бертончини, претседател на Европско Движење на Франција

Одбивањето на Емануел Макрон да ги отвори пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија беше неочекувано, од гледна точна на остатокот од Европа, но прилично предвидливо, од гледна точка на Франција. Причините лежат делумно во периферните политички размислувања на кои земјите од Западен Балкан се покајнички жртви, но и во поструктурни проблеми на кои треба да се посвети внимание во пресрет на Самитот во Загреб во мај во 2020 година.

Како „добра вест“, треба да се потенцира дека земјите од Западен Балкан се колатерални жртви на домашните и европски проблеми кои излегуваат од нивниот домен, и кои оттука можат да се решат надвор од нивните граници и во блиска иднина.

Проблем бр. 1: Падот на популарност на Емануел Макрон по кризата со „жолтите елеци“ и во време на смела пензиска реформа. Оваа слабост го натера да го напушти „освојувачкиот дух“ со кој се фалеше за време на својата изборна кампања и да се приклони кон оние кои претпочитаа „помала Европа“ која е повеќе под француска контрола. Емануел Макрон од 2017 година ќе го оправдаше отворањето на пристапните преговори на тема: „Франција нема да се плаши да отвори разговори со многу мали земји кои ќе ни се приклучат 10 години од сега…“ Доколку Претседателот Макрон повторно си ја врати популарноста, можеби ќе му биде полесно да ја прифати можноста од такво пристапување, особено што ќе може да потсети дека не е автоматско (како што е случајот со Турција).

Проблем бр. 2: Ослабеното влијание на Емануел Макрон на европско нивно, и под гледна точка на неговите релативно слаби политички сојузници и во поглед на многу амбициозната природа на неговите цели за „реосновање“ на ЕУ. Токму ваквото релативно ослабено влијание го поттикна Макрон да бара начини да добие „пакет зделки“ кои се поповолни за реализацијата на неговите проекти. Така, Претседателот Макрон јасно укажа дека неговата согласност за отворање на пристапните преговори била условена од усвојувањето на поамбициозна „повеќегодишна финансиска рамка за 2017-2020 година“ од една страна, и од спроведувањето на „Конференција“за реформирање и продлабочување на ЕУ пред нејзино проширување, од друга.

Ако е задоволен со овие два аспекта во првата четвртина на 2020 година, не може да се исклучи дека тој ќе го подигне ветото за отворање на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија. Емануел Макрон ќе биде уште повеќе поттикнат да се откаже од своето „не“ поради загриженоста дека неговите европски партнери можат да го „казнат“ неговото спротивставување преку јакнење на нивните позиции за многу други прашања кои се од интерес за Франција. Меѓутоа, тогаш ќе биде неопходно да се отстрани француската (но и данската, холандската, итн.) неволност да се решат прашањата кои се произлегуваат од пристапните преговори во најтесна смисла на зборот.

Француско-холандски работен документ чија цел е реформирање на целиот пристапен процес на ЕУ е веќе поднесен за дискусија на ниво на Заедницата, вклучително и помалку правен (по поглавје) и повеќе политички пристап, но и со поголема поддршка на напорите на соседните земји на ЕУ, независно дали тие ќе станат набрзо членки на ЕУ или не. Секако, Емануел Макрон ќе може да потврди дека ваквите приговори и предлози биле чуени, делумно или целосност, за да може да се согласи да го промени своето мислење следната пролет.

Во тој поглед, останува од суштинско значење за националните власти на земјите кандидатки да дадат поголеми гаранции за нивната способност радикално да ги реформираат своите земји во однос на владеењето на правото, зачувувањето на демократскиот плурализам, борбата против корупцијата, сузбивањето на организираниот криминал и нелегалната трговија од секој вид, итн. Европската комисија веќе има утврдено дека напредокот во тие области е доволно значителен за да се оправда отворањето на пристапните приговори со, како двата најочигледни случаи, Албанија и Северна Македонија. Секој дополнителен напредок кој може да се постигне во следните неколку месеци ќе биде од корист на земјите кандидатки, во Франција и пошироко.

Емануел Макрон ќе може полесно да го аргументира отворањето кон Западен Балкан повикувајќи се на заканата од руските, кинеските, турските, па дури и американските влијанија во регионот, така подвлекувајќи ја геополитичката димензија на изгледите за членство на Албанија и Северна Македонија. Но, тој не може во целост да ги изземе овие изгледи за членство од нивните национални димензии и оние поврзани со Заедницата, кои се истовремено политички: токму затоа е потребно да се постигне поповолен исход во периодот кој следува.

Ив Бертончини е Претседател на Европско Движење на Франција и Потпретседател на Меѓународното европско движење, и Постар советник на APCO Worldwide.

Ив Бертончини колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.