Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски попладнево од пред спомен – костурницата крај градот соопшти дека ги собрал потребните потписи на поддршка од граѓаните за уште еден четиригодишен мандат. Тој им се заблагодарил на Кумановчани и ветил упорна работа за промена на ликот на Куманово кон подобро.
-Јас и мојот тим сакаме со нова енергија, преку 4 годишен мандат да го продожиме развојот на Куманово. Затекнавме долгови, но ги решивме финансиските проблеми и реализиравме голем број на проекти. Го менуваме Куманово во вистинска смисла на зборот и така ќе продолжиме“, вети Димитриевски.
Димитриевски и порача на СДСМ да се демократизира, одговарајќи на новинарско прашање,зошто не добил поддршка внатре од партијата.Тој рече дека е социјалдемократ од 1995 година и дека ќе продолжи да биде тоа.Инаку не очекува да е исклучен од партијата и фокусот во моментот му е насочен кон тоа Куманово да го направи пристојно место за живеење.