Деновиве инпекциските служби на терен следата дали се спроведува забраната за продажбата на готово мелено месо, пропишано со правилникот за квалитет на меленото месо, кој стапи во сила од 1 септември.
Во Агенцијата за храна велат дека можеби сега за нијанса ќе поскапи месото, но ќе биде гарантиран квалитетот, а граѓаните точно ќе знаат што има во месото што го купуваат.
Многу често, до сега, со рефус меленото месо имаше соја, масно ткиво, делови од кожа и коски. Сега купувачот ќе си одберете парче месо кое ќе биде сомелено на мице место.
Спакувано мелено месо ќе има, но само од овластен преработувач.
Вакви правилници за строго се забранува продажба на готово мелено месо во месарниците веќе имаа во Хрватска и во Србија.