Пакистанката Малала Јусафзаи, која годинава стана и најмладиот добитник на Нобеловата награда за мир, синоќа во САД се здоби и со Медал на слободата.
Во својот говор по повод признанието кое го доделува американскиот Уставен национален центар, младата Јусафзаи апелираше за мир и образование.
– На ниту едно дете во светот не смее да му се одземе правото да добие соодветно образование, порача Малала.
Наградата во вредност од 100.000 долари Пакистанката соопшти дека ќе ги донира за поддршка на образованието во Пакистан.