Кинескaта агенција објави дека кинески сателит кој го бара исчезнатиот Лет 370 “забележал област во морето за која се сомневаат дека токму таму се случила несреќата, објави Си-Ен-Ен.
Кинеската владина агенција соопшти дека ова може да се смета за потенцијален знак за досегашното фрустрирачко пребарување на Боинг 777.
Државната администрација за наука, технологија и индустрија за национална одбрана на Кина го соопшти откритието, вклучувајќи и слики на три сомнителни предмети.
Освен тоа, има фотографии од теснецот Малака на 9 март, еден ден откако авионот исчезна – но не беа објавени до среда.
“Tаму е каде што би требало да биде”, вели за Си-Ен-Ен поранешен претставник на американската безбедност за патувања.
Питер Гоелз, поранешен генерален директор на одборот за Национална безбедност во сообраќајот го истакнал “големиот скептицизам” околу извештаите дека авионот се завртел за да се врати над Малезија.