Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малезискиот авион се урнал по експлозија – резулатат на технички дефект

0
By Нова ТВ on March 29, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лондонската правна фирма „Стјуартс Ло“ која застапува дел од роднините на патниците во исчезнатиот авион на „Малезијан Ервејс“ соопшти дека многу поверојатно е оти Боингот 777 во инцидентот од пред три недели се урнал поради експлозија и пожар во пилотската кабина отколку дека бил киднапиран од пилотите и потоа намерно соборен.

Оваа фирма која има големо искуство во бројните истраги за авионски катастрофи, учествувајќи во истрагите, верува во теоријата за неочекувана експлозија во текот на летот, по која е создадена „огнена топка“ повикувајќи се на искуството од пред три години со ист авион како малезискиот.

Во 2011 година авионот Боинг 777 на египетската компанија „Еџипт Ер“ настрада на пистата на аеродромот во Каиро додека се подготвуваше да полета, кога во пилотската кабина се случи експлозија во доводот за кислород за маските на пилотите, што тие ги користат доколку дојде до декомпресија во авионот. Експлозијата проследена со „огнена топка“ предизвикала дупка во трупот на авионот, а пожарот ја уништил пилотската кабина и целиот простор во леталото под кабината.

Во моментот на експлозијата во авионот што се подготвуваше да полета за Џеда, Саудиска Арабија, имало 291 патници, но никој од екипажот и од патниците не настрада, само затоа што инцидентот се случи на земјата.

Џејмс Хили-Прат кој работи во фирмата „Стјуартс Ло“ и самиот е пилот, изјави за лондонските медиуми дека е уверен оти малезискиот авион ја доживеал истата судбина, но во поинакви услови, додека авионот летал и се наоѓал на 11.000 метри височина.

Според Хили-Прат, експлозијата на системот за довод на кислород во пилотската кабина предизвикала силна декомпресија на малезискиот авион, по што Боингот, ист како оној на „Еџипт Ер“ целосно се изместил од предвидената линија за летање и исчезнал некаде во Индискиот Океан.

Овој експерт на лондонската фирма верува дека проблемот е во авионот, а не во пилотите, па потсетува дека по инцидентот со египетскиот авион од пред три години, воздухопловните власти на САД наложија Боинг да го измени системот за довод на кислород во кабината со нов.

Хили-Прат вели дека станува збор за мал и евтин дел кој не чини повеќе од 2.600 долари, но не знае дали во авионот, што исчезна на 8 март, на својот лет од Куала Лумпур за Пекинг, била извршена ваквата замена.

Извор: МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.