Семејствата на патниците на исчезнатиoт малезиски патнички авион почнаа да добиваат почетно исплаќање на надоместоците од 50.000 $.
Досега шест семејства од Малезија и едно кинеско семејство добиле пари, а осигурителните компании ги проценуваат барањата на повеќе од 40 кинески семејства.
Роднините на сите 239 исчезнати патниците можат да бараат до 175.000 $ за секој патник .
Авионот MH370 исчезна на 8 март, летајќи од Куала Лумпур во Пекинг. Траги од авионот не се пронајдени.
Малезискиот заменик министер за надворешни работи Хамза Заинудин истакна дека владата се уште не го прогласила авионот за изгубен.
“Кога зборуваме за целосна исплата, ќе треба да почекаме додека не се објави дека прашањето за трагедијата MH370 е завршено”, рече тој.
Осигурителната компанија на Малезија ерлајнс , конзорциум воден од Германија Алијанс, ги прави исплатите.