НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малта се поблиску и „повисоко“ до нарачателите на убиството на новинарката

0
By Нова ТВ on November 25, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Игор Филевски, Малта

Малта во политичка криза по најновите истраги околу атентатот на новинарката Дафне Каруана

По две години од атентатот врз новинарката Дафне Каруана Галиција, кога беше најгрозоморно убиена со експлозив во нејзиниот автомобил, истрагата добива нов тек. Веќе е уапсен и наводниот „мозок“ и нарачател на атентатот, бизнисменот од највисок профил,  Јурген Фенек. Тука не е крај на приказната. Сега на ред се сите поврзани во случајот, кои имале директни комуникации со Фенек, а беа дел од истрагите за корупција на Дафне Каруана пред да биде брутално убиена. Под притисок на јавноста е оставката на Премиерот на Малта, Џозеф Мускат, а претходно и разрешување на неговите двајца соработници, Министерот за Туризам и Шефот на Кабинетот на Премиерот.

Премиерот се соочува со најтешката политичка криза во своите два мандата откога е на власт. Се` се движи кон неговата оставка и распишување на предвремени избори. Но, паѓањето на Владата, засега не е извесно, барем не додека процесот не добие завршница преку судска постапка.

Првата битка Премиерот ја доби во понеделникот попладне. Неговата партија, „Лабуристичката Партија“, на тајно гласање му ја даде максималната поддршка за следниот период. На ова „гласање за доверба“ во својата партија инсистираше самиот Премиер, по се` погласните барања деновиве за оставка, од страна на опозицијата и демонстрантите кои излегоа викендов пред Парламентот.

Оваа изгласана доверба го опфаќа само делувањето на Премиерот, не и компромитираните двајца негови соработници, Министерот за Туризам, Конрад Мици и Шефот на неговиот Кабинет, Кит Шембри. За нив двајца дури и самите лабуристи, внатре во партијата, се поделени. Едни се разрешување, а други против. Токму тие двајца, се шпекулира, дека се наводно вмешани во целиот тој хаос што настана по апсењето на еден од најголемите бизнисмени во Малта како главен „мозок“ на целата таа операција која заврши со атентат врз новинарката Дафне Каруана на 16 октомври 2017 година.

Дафне Каруана Галиција, низ своите новинарски текстови и истраги ја  разоткри (но не успеа и низ правниот систем да го канализира процесот и „докаже“ низ судска постапка) „корумпираноста, митото и перењето на парите“ на компании кои беа поврзани со двајцата соработници на Премиерот, преку дотогаш, „непознатата“ компанија „17 Блек“ (н.з. „17 Црно“) со седиште во Дубаи, во која никој не знаеше кој е сопственикот. „Панама Пејперс“ беа само уште една пропратна точка на префлување на парите на голем дел од тие компании, кои Дафне ги разоткри и ги публикуваше.  По, нејзината смрт, во 2018-та преку протекување на информации од разни мејлови, се дозна дека токму таа компанија во Дубаи е сопственост на Јурген Фенек и клопчето потоа многу бргу почна да се отплеткува. Токму од тој момент, стануваше се` поголем притисокот кон „Лабуристичката Партија“ (која е на власт) за оставка на Владата и распишување на предвремени избори.

Како дојде до оваа разврска по убиството на Дафне Каруана, кое се случи пред 2 години.

По само 5 дена Владата на Џозеф Мускат објави понуда (во вредност од 1 милион евра) за собирање на информации кои ќе доведат до откривање на убијците и нарачателите. Веќе на 4-ти декември 2017-та беа уапсени десетмина кои беа спроведени на испрашување. Од нив, истрагата разоткри тројца  директни извршители, кои го поставиле експлозивот во автомобилот на Дафне и го активирале во дадениот момент. (експлозивот беше активиран преку смс сигнал од јахта, која требало да ги скрие евентуалните траги во триангуларната истрага на мобилниот сигнал. Но, благодарение на вештаци кои дојдоа веднаш од Холандија и САД и работеа на целата истрага, беше детално разоткриена целата патека за реализација на атентатот). Како извршители на ова грозоморно убиство се упасени браќата Диџорџио (Аллфред и Џорџо) и Винс Мускат, сите тројца познати на полицијата од криминалното милје на островот.

По нивното апсење, проектот на Дафне што беше започнат пред нејзината смрт, а се однесуваше на „црниот бизнис“ и „перење на пари“ преку компанијата „17 Блек“ од Дубаи, добива нов тек. Се разоткри дека токму Министерот за Туризам, Конрад Мици и Шефот на Кабинетот на Премиерот, Кит Шембри соработувале со оваа компанија во разни зделки во кои наводно требало „да инкасираат неколку милиони евра на нивните лични сметки“.

(Имено, сегашниот Министер за Туризам, во тоа време беше Министер за Енергетика и токму во негово време се регистрира компанијата „17 Блек“ во Дубаи. Тоа е времето кога Малта и Азербејџан склучуваат договор за испорака на гас, со посредништво токму на „Блек 17“)

По тоа откритие на Дафне, Конрад Мици негираше вмешаност во било каква корумпираност која го поврзуваше со оваа компанија од  Дубаи, но исто така и дека нема поим ни кој е сопственик, ниту пак други детали кои би го компромитирале за сите зделки од тоа време.  И токму од тука почна да се одмотува клопчето. Новинари на „Ројтерс“ и „Тајмс оф Малта“ истражија и дојдоа до откритието дека токму Јурген Фенек е сопственик на „17 Блек“ од Дубаи, со што стана активна целата претходна истрага на Дафне за целата таа „координација за соработка“ со коруптивни дејства меѓу двајцата владини луѓе и Фенек, преку неговата компанија од Дубаи.

Притисокот кон Владата растеше секој ден се` повеќе и повеќе благодарение на новинарските истраги и секојдневни објави за нови сознанија со кои располагаа. Еден од оние кои веќе беа во затвор, Винс Мускат, во меѓувреме се договори за „олеснување на казната“ во замена за негово сведочење во случајот.

Притисокот што го правеа медиумите и новинарите кои работеа секојдневно на случајот, почнаа да откриваат и детали (без објави на имиња) за кои јавноста веќе не можеше да остане нема, а Владата исто така веќе не беше во ситуација да „не реагира“.

На 14-ти ноември по новинарските објави, беше уапсен еден од осомничените „кој пропеа“ (неговото име јавно, на почетокот беше во тајност). Се најави „заштита од Премиерот“  за соработка со властите до откривање на сите детали. Медиумите веќе почнаа со притисокот дека „голем бизнисмен“ е мозокот на целата операција „Атентат“ и дека секој момент се очекува да биде уапсен. Но, реакција се`уште немаше, а наводно „сите докази“ биле „доставени“ до органите на Власта. И тамам се помисли дека на „големиот бизнисмен“ ќе му биде „овозможено“ да ја напушти Малта и да избега, повторно новинарите ја одиграа главната улога. Го следеа „големиот бизнисмен“ на секој чекор. И токму тие наводно доставиле алармантна информација дека  јахтата „Џио“ (сопственост на „17 Блек“) во 5:30 наутро, ја напушта марината „Портомасо“. Истражните органи не смееа да не реагираат. Медиумите и јавноста го следеа секој детал. Јахтата за неколку минути беше пресретната на патека кон Италија и вратена назад во марината во Малта. Во неа беше Јурген Фенек, заедно со неколкуте милиони кеш со него. Веднаш беше спроведен во притвор.

Кој е Јурген Фенек?

Еден од најбогатите бизнисмени на островот, чие богатство потекнува уште од неговиот дедо, односно неговиот татко. Веќе 50 години се во врвот на ултра богатите бизнисмени на островот. Нивните компании („Тумас Гејминг“, „Тумас Инвестментс“…) се влезени скоро во сите пори на општеството, во  хотелиерството, во градежништвото, бизнисот со пристаништа за скапите јахти,  во технологијата со гас (заедно со германскиот „Сименс“), во поштенските услуги, во бизнисот со обложување и лотарија.  Фенек беше главен во Одборот на компанијата која под „својот чадор“ ги имаше сите овие бизниси, се` до неговото апсење. Веднаш потоа беше заменет од неговиот брат (кој има многу нечисто минато и многу пати е поврзуван и со „кокаинската мрежа“). Фенек сега е надвор од сите функции, дури и од онаа во „Електрогас“ која е задолжена за гасификацијата на Малта, во соработка со „Сименс“. На неговата оставка во Електрогас, Германците инсистираа веднаш по шокантната вест која сите ја дознавме минатата среда рано, наутро.

Опозицискиот лидер, Адриан Делиа, денес инсистира на тоа во Парламентот да се отвори дебата за моменталната политичка ситуација и да се дефинираат виновниците за атентатот врз Дафне, со што би се разрешила и политичката криза која во моментот го зафаќа островот. Владата сето тоа го одбива, иако „Националистичката Партија“ се повикува на Членот 13 кој овозможува „постапка за итна расправа во Парламентот“ во специјални случаи, како што е оваа низ која се докажа кој е сопственик на „17 Блек“ од Дубаи што ги компромитирала и двајцата битни луѓе во Владата на Мускат.

Што може да се очекува следно?

Во меѓувреме, новото лице кое е вмешано во целата истрага, 41-годишниот Мелвин Теума, добива „претстедателска заштита“ како еден од главните сведоци. Теума е еден од поранешните блиски соработниците на Фенек во бизнисот со обложување и илегалната лотарија (трки на коњи, како главен акцент). Тој како последен свој бизнис го имаше такси превозот, а има криминално минато и против него се водат неколку судски постапки. Теума инсистирал на соработка со властите, во замена на стопирање на сите судски постапки против него. Неговите адвокати веќе денес ја имаат поднесено молбата за „соработка“ и изземање од случајот како осомничен. Во овие моменти се чека само потпис од Претседателот на државата и веќе од вторник веројатно, Теума и официјално од „осомничен“ ќе стане “клучен сведок“. Тој беше уапсен на 14-ти ноември и за време на апсењето во неговиот дом беа пронајдени неколку милиони евра во кеш.

Во меѓувреме Институтот на новинарите во Малта, веќе покренува дебата за раскинување на соработката со Фондацијата „Тумас Фенек“ која со години наназад ја потпомага фелата, низ проектот „Едукација во новинарството“. Иако веќе осомнечените се разрешени од функцијата, фамилијата Фенек инситира на тоа да продолжи поддршката кон новинарството во Малта, со образложение дека сепак дури и во овој момент се` уште не постои завршница во која сега осомничениот Јурген Фенек е прогласен за виновен.

Претставникот на Малта во Европскиот Совет, Давид Каса, веќе ја отвори точката и во Брисел, за реакција и спас на „демократијата во Малта“, која се соочува со најголемата криза во последниве децении. Според законите на ЕУ, Европскиот совет може да гласа за суспендирање на правата на членка која ги крши демократските права и принципи во државата, а потоа да изгласа и санкции. Во инсистирањето на Каса во Брисел се потенцира дека „Малта е во криза од убиството на Дафне, кога таа низ „Панама пејперс“ ги разоткри корумпираните Министер и Шеф на кабинетот на Премиерот.

“И наместо Премиерот да ги разреши, тој цела година стои во нивна одбрана, кршејќи ги демократијата и борбата против корупција…“, потенцира Каса. Давид Каса, напоменува дека „Конрад Мици и Кит Шембри се вмешани во тежок криминал и веќе станува јасно дека Дафне Каруана е убиена токму за да се пречи целото разоткривање на сиот криминал што го правеле. А со тоа што ги штити се` уште, Премиерот станува нивни соучесник“. Токму со таквите акцентирања се инсистира на акција од Европскиот совет, која ќе биде во заштита на правдата и владеењето на законите во оваа островска држава, членка на ЕУ. Брисел засега без конкретна реакција и официјално преземање на некаква акција во контекст  на овој случај.

И натаму секако дека главна тема ќе биде оставката на Министерот за Туризам, Конрад  Мици, или пак негово разрешување од страна на Премиерот.  По денешното гласање на доверба во „Лабуристичката Партија“, Мици не кажа дали поднел оставка. Избегна директно да одговори. Само напомена дека тоа што го поврзуваат со „17 Блек“ и Јурген Фенек ќе се докажело дека не е вистина и дека не чувствува никаква политичка одговорност околу тоа.

Се шпекулира дека Премиерот Мускат нема да може да се извлече од оваа ситуација која ја тресе деновиве Малта. Сите очекуваат разрешница на двајцата негови соработници и оставка, со распишување на предвремени избори. Генерално се шпекулира дека ќе се случи само ако „пропее“ уште некој осомничен и истрагата со Јурген Фенек добие завршница. А тоа секако дека ќе биде во првите месеци од новата година, дури се шпекулира дека максимум за 6 месеци од овој момент ќе се случи и оставката на Премиерот и распуштањето на Владата.  Секако дека се` ќе зависи од истрагата за атентатот врз Дафне Каруана. И од евентуалната реакција на Брисел, ако воопшто наскоро ја има.

А колку за потсетување, социјал-демократската „ Лабуристичката партија“ (членка на Партиите на Европските социјалисти) уживаше голема поддршка од народот, на двата изборни процеса во Малта, во кои со огромно мнозинство ја победија „Националната Сила“ (двоец од конзервативната „Националистичката партија“ – членка на Европската Народна Партија и „Демократската партија“ која пред 3 години се одвои од „Лабуристичката партија“ на Мускат).

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.