Шпанецот го посакува левиот бек во јануари за што веќе издал налог за преговори со Баерн Минхен
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е подготвен да плати 45 милиони евра за ангажман на Давид Алаба од Баерн Минхен. Шпанскиот тренер посакува трансферот на левиот бек да биде реализиран во јануари за што дал налог за преговори.
Според британски „Сан“, застапници на Сити веќе две недели преговараат со Баварците за Алаба. Контактите меѓу двата клуба доаѓаат по јасното ставање до знаење на Шпанецот дека се неопходни освежувања во одбраната по надворешните позиции.
Потенцијалот на Австриецот му е добро познат на Гвардиола. Работеа заедно во Баерн Минхен, па затоа и желбата за соработка и во Манчестер сити иако фудбалерот е врзан со договор со германскиот првак до 2021 година.