Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчевски и Југ се докажуваа дали обвинетиот носел оружје на 27 април

1
By Нова ТВ on August 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Кривичниот суд Скопје 1 денеска продолжи главната расправа за собраниските инциденти од 27 април 2018 година на која почна доказната постапка со сведочење на тогашниот пратеник, сега министер за информатичко општество, Дамјан Манчевски.

По четири часа сведочење СЈО и одбраната ги исцрпија прашањата за Манчевски кој денеска одговараше на директните прашања на обвинителството и на вкрстените прашања на одбраната и на обвинетите.

Игор Југ се сомнева во способноста на Манчевски логично да расудува

Манчевски, одговарајќи на прашања од СЈО, кажа дека на 27 април бил во прес-салата на Собранието заедно со Зоран Заев и други пратеници кога влегла толпата, дека видел лице со оружје и оти постојано добивале закани по живот и дека ја продале државата и дека се предавници.

„Излегов надвор од прес славата за да видам што се случува… Слушнав, звук на кршење на стакло и многу звуци коишто доаѓаат од долниот спрат, слушнавме и чекори како некој се качува по скалите. Во тој момент сѐ уште имаше претставници од собраниското обезбедување. До мене беше еден од припадниците на собраниското обезбедување, шефот на собраниското обезбедување, којшто можев да го слушнам како се обидува да добие некој од службите на телефон. Но неговиот коментар беше оставме сами нема кој да нѝ помогне. Веднаш потоа почнаа да влегуваат насобраните граѓани, првите што влегоа беа до фантомки на главата по што се вратив назад. Се маваше со раце со боксови… Јас бев повреден со бокс. Имаше и други предмети, се дофрлуваше со сталаци, мебел Се чувствував згрозен кога многу експлицитно покажуваа што ќе им прават на моите деца, дека ќе ги убијат и дека ќе ги влечат“, сведочеше Манчевски.

Манчевски пред судот сведочеше и за присуството и однесувањето на обвинетиот Игор Југ за кого кажа дека видел  „лице со оружје кое носи црна маица со ознаки на хос без коса и со брада“.

„Во неколку наврати, можев да видам дека лицето посегнува по задниот дел од пантолоните и во рацете го држи оружјето. Никогаш не го извади во целост, но постојано додека траеше настанот добивавме закани дека ќе бидеме убиени, што мене лично ми ја покажува намерата на целата група. Тоа лице беше помирно во однос на другите но цело време беше фокусиран со погледот кон Зоран Заев“, рече Манчевски.

На вкрстено прашање од адвокатот Дончо Наков дали видел некој друг со оружје, Манчевски кажа дека тој ден во ходникот пред прес-салата еден од обезбедувањето на колегата Оливер Спасовски употребил оружје и испукал во воздух.
Прашан како се однесувало собраниското обезбедување, Манчевски кажа дека чул како  шефот на собраниското обезбедување телефонски се обидува да добие некој, но потоа неговиот коментар бил „оставени сме сами”.

На сведочењето на Манчевски реагираше обвинетиот Игор Југ кој го искористи правото да го испраша сведокот и го праша како е можно со скршеница на нос, „маван со шамари, чадори, сталаци“ да биде во состојба прецизно да види дека Југ носел оружје и дека бил фокусиран исклучиво на тогашниот пратеник сега премиер Зоран Заев.

„Вие видовте оружје, но не знаете какво, можеби сум носел нож, хебла или друго“, реагираше Југ.

„Не сум експерт за оружје, но сигурен сум дека се работи за оружје што може да се стави во заден џеб од панталоните. Јас го кажувам тоа што го видов“, одговори Манчевски.

Продолжува праксата на правно надмудрување меѓу обвинителството и одбраната

Откако обвинителката Вилма Русковска заврши со испрашувањето на Манчевски, прашања му поставуваа адвокатите на обвинетите како и лично обвинетиот Игор Југ.

Во обид да извлече максимум од сведокот, а во корист на своите клиенти, одбраната и обвинетите денеска со прашањата се обидуваа да докажат дека Манчевски не можел најдобро да види дека Игор Југ носел оружје и поради повредите со кои се здобил не бил во можност најдобро да проценува.

Но за обвинителството најголем дел од прашањата беа спорни и приговараше на речи си секое од нив.

Претседателката на судечкиот совет Добрила Кацарска ги прифати речи си сите приговори на обвинителството со образложение дека Манчевски или веќе одговорил на прашањата или дека тие  не се вкрстени како што налага законот.

„Поучете ги вашите клиенти што е вкрстено испрашување. Денеска ќе бидат испрашани сите сведоци па ако треба судењето ќе трае и до полноќ“, рече Кацарска.

Игор Југ е меѓу 33 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието на 27 април лани.

По завршување со сведочењето на Манчевски, судијката Кацарска даде еден час пауза а судењето треба да продолжи со сведочење на пратениците Илија Николовски, Фросина Ташевска Ременски и Павле Богоевски.

Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие на претходното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.