Published: Monday, August 22, 2016 15:44
– За тоа дали има услови за избори или не ќе проценат лидерите на партиите на лидерската средба. Се уште е прерано за се друго. Избори можеше да има многу порано, доколку се извршеше прочистување на избирачкиот список и реформа на медиумскиот простор, зависеше од Никола Груевски. До сега се одложуваа само заради него, изјави потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.
Во врска со ад-хок телото каде денес треба да се избере петтиот член на комисијатаи со то конечно да се формира таа комисија, Манчевски рече е можно, бидејќи „понекогаш и кога најмалку сме се надевале, знаеле да ве изненадат договорите“.




