Нелсон Мандела ќе биде погребан во недела на 15 декември во неговото родно село Qunu извести претседателот на ЈАР, Jacob Zuma.
После еднонеделната национална жалост, која ќе започне утре, на денот на национална молитва, на 10 декември ќе биде одржана комеморација на стадионот во Јоханесбург каде во во 2010 година беше одржано Светското првенство во фудбал изјавил Zuma.
Посмртните останки на Мандела ќе бидат изложени во седиштето во Преторија од 11 до 13 декември, а на погребот се очекуваат претседателите на земјите на целиот свет.
Претседателот на САД, Барак Обама, како и двајцата претседатели пред него, Џорџ Буш и Бил Клинтон ќе присуствуваат на погребот на Мандела.
Точната програма за Обама се уште се договара и не се знае дали тој ќе настапи јавно со говор.