Портпаролот на г-дин Мандела, Мек Махараџ, изјави дека неговата состојба се влоши “во изминатите 48 часа”.
Првиот црн претседател на Јужна Африка е во болница од 8 јуни со инфекција на белите дробови.
Лекарите прават се што е за да се обезбеди негова добра состојба, се вели во соопштението, јавува Би-Би-Си.
Во вторникот, свештеник се молеше за “мирниот крај” на г-дин Мандела.
Исто така во посета во вторникот беше ќерката Зиндзи на г-дин Мандела, која рече нејзиниот татко ” ги отвори очите и се насмевна”.
Претседателот Зума требаше да присуствува на регионалниот самит во мозамбискиот главен град Мапуто во четвртокот, но одлучи да го откаже своето патување.
Во соопштението од неговата канцеларија, рече дека тој “ја повторува својата благодарност во име на Владата, на сите Јужноафриканци кои продолжуваат да го поддржуваат семејството Мадиба”.