Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манфред Вебер е новиот лидер на Европската народна партија

0
By НОВА ТВ Terziova on June 1, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот демохристијанин Манфред Вебер на синоќа одржаниот конгрес во Ротердам со поддршка на 89 отсто од гласовите беше избран за претседател на Европската народна партија, најсилната политичка групација во Европарламентот.

„Ние сме камен-темелник за безбедноста и иднината на Европа”, рече Вебер во обраќањето по објавувањето на резултатите. „Ние ѝ требаме на Европската унија”, додаде Вебер кој е долгогодишен член на баварската Христијанско-социјална унија.

Новиот партиски лидер смета дека во време на економска криза и војна на границите на ЕУ, Европската народна партија ги нуди најдобрите решенија за европските проблеми.

Тој ги критикуваше Левицата и десните популисти заради нивната погрешна политика кон Русија.

„Во Германија можеме да видиме дека попуштањето е лош пристап, а опозицијата е во право”, рече Вебер додавајќи дека германската Влада предводена од социјалдемократите чиј поранешен претседател Герхард Шредер е близок со Владимир Путин, не зазела тврд став кон Русија.

Истовремено тој ги критикуваше Зелените за спротивставувањето кон вооружување, додека за Левицата дека „сака да го ослабне НАТО”.

За десничарските популисти како оние на Марина Ле Пен, тој рече дека тие се срам за Европската Унија заради, како што рече, потврденото нивно финансирање од руската Влада и поради нивното претходно спротивставување на проширувањето на ЕУ кон исток.

Европската народна партија, како што рече Вебер, е посветена на „иновации, а не на ограничувања” во борбата против климатските промени и не сака деиндустријализација и економски неефикасни политики.

Европската народна партија (ЕПП) е политичка групација од десниот центар со најбројна пратеничка група во Европскиот парламент, со свои членови за претседатели на Европскиот парламент и на Еврокомисијата.

Вебер е претседател на парламентарната група на ЕПП од 2014 година преземајќи ја функцијата од поранешниот полски премиер Доналд Туск кој реши да се повлече од лидерската позиција на ЕПП откако ја презеде лидерската функција во Граѓанската платформа, најголемата опозициска партија во Полска.

Вебер немаше противкандидати на вчерашниот партиски конгрес иако во медиумите кон крајот на минатата година се шпекулираше и со други кандидатури, меѓу кои грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и ЕУ преговарачот за Брегзит, Мишел Барниер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.