Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манолева: Пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време

0
By Marija Todorovska on February 12, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дадени се препораки од страна на Комисијата за заразни болести пред се за можност да се имунизираат оние дечиња коишто во редовниот календар на вакцинација не се имаат имунизирано против голема кашница. Имено, пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време. Ова го изјави денеска заменик министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева, одговарајќи на новинарски прашања.

– Конкретно во Здравствен дом Скопје отворени се дополнителни смени во повеќе поликлиники низ градот и во пунктовите за вакцинација дополнително ќе работат и сабота. Точно е дека има гужва. Би повикала на родителите од овие причини во редовните термини за вакцинација да ги вакцинираат своите деца, да не се соочиме повторно со некој ваков бран во понатамошниот период и за морбили и за други заболувања за коишто би требало децата да се вакцинираат во редовниот календар. Но, еве, овозможивме услови да и во овој период дополнително работат пунктови за имунизација со продолжено работно време, рече Манолева.

Сметам, нагласи таа,  дека сето тоа ќе овозможи поголема вакцинација.

– Родителите коишто се сомневаат дека некое од нивните деца има можеби пертусис, треба секако да го однесат своето дете на матичен лекар, а понатака и на специјалист ако е потребно и да се почитуваат препораките, нагласи заменик министерката.

Манолева одговараше и на новинарско прашање,  дали Министерството има поднесено барање до Обвинителството за луѓе кои антивакцерството го споделуваат на социјалните мрежи, со навреди до докторите каде што навистина се кажуваат некои тези против вакцините кои наштетуваат во делот на имунизацијата и родителите им веруваат.

– Во моментот имаме луѓе кои не се доктори, а кои навистина имаат големо влијание според коментарите и нивните следбеници дека нема да ги вакцинираат своите деца.  Падот на имунизација во изминативе години, би рекла две децении е можеби резултат на влијанието и на медиумите, но и на се поголемиот број луѓе коишто го пропагираат антиваксерството кое што не е засновано на медицина базирана на докази. Имено, токму ваквиве ситуации како оваа со пертусисот, како минатата година со морбили, можеби повторно годинава со морбилите да имаме проблем, ако не продолжиме со зголемување на стапката за имунизација, би довеле навистина до сериозни последици по здравјето на нашите граѓани и сметам дека токму ова треба да биде поводот сите ние да видиме кон што одиме, слушајќи ги тие наводи коишто ни ги даваат антиваксерските групи, појасни таа.

Заменик министерката одговори дека не е информирана дали Министерството има отпочнато некаква постапка преку ЈО околу овие групи коишто шират вакви дезинформации, но нагласи дека во текот на денов може да се информира, па ако има информација дополнителна, да ја достави.

Во однос на сезонскиот грип, информираше дека  досега се вакцинирани преку 60 илјади луѓе.

– Се уште имаме пациенти коишто се јавуваат со потешка клиничка слика на сезонски грип пред се во болниците, тоа се сепак пациенти коишто имаат многу коморбидитети, дополнителни заболувања кај коишто инфекцијата со сезонски грип дополнително ја комплицира целата ситуација, појасни Манолева.

Во врска со Кичевската болница, дали ќе има нов договор, таа одговори дека нејзините информации досега се само околу раскинувањето на договорот.

– Би сакала во следниов период, се надевам ќе добијам дополнителни информации, но од она што досега јас го имам од проектната единица и од претходниот министер за здравство како информација, е, дека имаме само раскинување на договорот и дека е во план практично простор да се определи за да се направи увид што е досега сработено и што уште треба да се сработи за комплетна реализација на целиот проект, одговори таа. 

вакцинација Комисија за заразни болести Манолева Пунктови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.