Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ману Чао во септември на Скопско лизгалиште

0
By Нова ТВ on July 1, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Единаесет години по еден од најдобрите концерти кои било кога се одржале кај нас, на 21. септември МАНУ ЧАО е враќа на истата локација, Скопското лизгалиште.

Откако последен пат заедно го превртеа градот на „Таксират 12“ со екслузивниот концерт во Скопје пред стартот на турнејата „Balkan Happy Tour“, Ману Чао овој пат доаѓа во рамки на турнејата Ла Вентура и славеничката година на Таксират 15.

Ману Чао спаѓа во изведувачите чиј концерт мора да се доживее неколку пати во текот на животот. Македонија до сега имаше привилегија два пати да го угости извонредниот еклектичен музичар и тоа, со концертот во 2002 кој беше означен како еден од најдобрите во поновата македонска концертна историја и последниот френетчен и најпозитивен концерт на Таксират 12.

Со успешната формула Ла Вентура (Маџид на гитара, Филип Тебул на тапани и Гамбит на бас гитара), Ману Чао повторно подготвува концерт со кој ќе ја излуди публиката со незаборавна атмосфера и целовечерна позитивна и разиграна енергија.

Хосе-Мануел Томас Артур Чао (José-Manuel Thomas Arthur Chao) или Ману Чао, зад себе има исклучително богата кариера, стартувајќи како еден од најзначајните ликови на француската андерграунд сцена, а подоцна и како музичкиот антиглобалист кој го потпомогна почетокот на латиноамериканското алтернативно движење.

Неговите музички почетоци ги одбележа влијанието на британската панк и рок сцена, особено бендовите како што се „Д Клеш“ ( The Clash), „Д Џем“ (The Jam) и Др.Филгуд (Dr. Feelgood). Својата прва група „Хот Пентс“ (Hot Pants) ја оформи во 1980 година, а легендарната „Мано Негра“, именувана по анархистичка организација од Шпанија, настана во 1987.

Бендот стана популарен во повеќе делови низ светот, а посебно во Јужна Америка и Европа. Музичкото шаренило и иновативност беа речиси заразни, а добрите вибрации се пренесуваа со неверојатна леснотија. По распадот на групата во 1995 година, Ману ја продолжува самостојната кариера со константно нижење успеси и признанија ширум светот. Тој своите песни ги изведува на француски, шпански, англиски, италијански, а често комбинира и неколку јазици во една песна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.