Преговорите во Пржино маратонски се развлекоа низ текот на денот, откако преговарачите на четирите партии во моменов излегоа од резиденцијата на Аиво Орав со пауза од еден час пред повторно да се враат на преговарачка маса.
Преговарачите Радмила Шекеринска од СДСМ, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Имер Алиу од ДПА и Артан Груби од ДУИ не сакаа да дадат изјава пред камерите, додека Шекеринска кратко потенцираше дека темите не смеат да се одлагаат, но дека не може да коментира ништо, се додека нема официјален договор.
Во резиденцијата на ЕУ во Пржино останаа евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на САД Џес Бејли.
Преговорите денеска првично започнаа во 13:30 часот, по што во 17 часот следуваше пауза. Највено беше преговорите продолжија во 18:30, но започнаа подоцна поради доцнењето на претставникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.
Нема најави до кога вечерва би траеле преговорите, а медиумските екипи и овојпат исходот го чекаат на улицата пред резиденцијата на ЕУ во Пржино.