Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маратонците утре ќе пливаат во Охридското Езеро

0
By Нова ТВ on August 18, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се плива 31. Охридски пливачки маратон, што е редовна трка од „Гран при“ серијата маратонски трки на отворени води на Светската пливачка федерација (ФИНА).

На стартот закажан за точно на пладне кај Свети Наум треба да се појават 22 пливачи, од кои 15 во машка и седум во женска конкуренција. Се очекува првите од нив патеката „Климе Савин“, долга 30 километри, да ја испливаат за околу пет и пол часа, зависно од временските прилики.

Меѓу пријавените маратонци се и тројцата македонски пливачи – Евгениј Поп-Ацев, Александар Илиевски и Александар Панчевски.

Охридскиот маратон се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, со награден фонд од десет илјади долари. Коорганизатори на трката се општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Минатата година најуспешен во машка конкуренција беше нашиот Томи Стефаноски, а кај пливачките победата ја понесе Олга Козлодуб од Украина.

Рекордот на маратонот во Охрид му припаѓа на Аксел Рејмонд, постигнат пред две години кога, тогаш 19-годишниот француски маратонец, патеката ја исплива за 5:09:54(95) часа. Во ФИНА бодувањето се одредува според паричниот фонд, така што победникот на Охридскиот пливачки маратон, покрај паричната награда, ќе добие и 15 бода на своето конто, второпласираниот 11, третиот 9, четвртиот 7…осмопласираниот 3 бода. Секој што ќе го исплива маратонот во предвидениот временски рок до половина час по пристигнувањето на победникот на целта добива два бода.

Охридскиот маратон е трет и претпоследен во годинашната програма на „Гран при“ серијата на ФИНА. Светскиот маратонски куп на отворени води завршува со трката Неапол – Капри закажан за 3 септември.

Охридскиот пливачки маратон се одржува од 1992 година, а првиот официјален маратон во Охрид се одржа во 1962 година на патеката Пештани – Струга – Охрид во должина од 36 километри.

Победник на првиот маратон беше Египќанецот Абу Хеиф, третото место му припадна на охриѓанецот Дики Бојаџи, додека во женска конкуренција победи неговата сестра Атина Бојаџи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.