Бојан Маричиќ: Европскиот континент има оригинално развиени институции и легални инструменти, интернационални правни инструменти, што не се присутни во други делови на светот, како Европската конвенција за човекови права, кои се проследени со суд и со цела структура на Советот на Европа.
Суштината на Советот на Европа, е да ги сочува и заштити јадрото на трите вредности на континентот: владеење на законот, демократијата и човековите права. Затоа и постои. И целиот корпус од закони е земен како дел од закон на ЕУ и нејзини вредности. Значи, веќе има цел сет од уредби кои веќе треба да ги искористиме и да покажеме отпорност од една страна и решеност да се бориме за овие вредности, вели Бојан Маричиќ, поранешен вицепремиер за европски прашања и поранешен министер за правда, Северна Македонија на панелот „Европски и глобални перспективи на демократска отпорност“.
Бојан Маричиќ е правен и експерт за управување со богато искуство во европските интеграции, институционалните реформи и модернизацијата на правосудниот сектор. Како вицепремиер за европски прашања, а претходно како министер за правда, тој водеше клучни процеси поврзани со усогласувањето со ЕУ, реформите во владеењето на правото и модернизацијата на јавната администрација. Неговата работа продолжува да се фокусира на зајакнување на демократските институции и унапредување на европската траекторија на Северна Македонија.
Извор: ЦивилМедиа.мк



