Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ–Бенгтсон: Продлабочување на реформската соработка и поддршка на евроинтеграциите од Кралството Шведска

0
By Biljana on February 9, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ имаше средба со амбасадорката на Кралството Шведска во земјава, Кристин Форсгрен Бенгтсон.

На средбата се разговарало за приоритетите во работењето на Секретаријатот за европски прашања во наредниот период, резултатите од тековните реформи, како и за можностите за продлабочување на билатералната соработка.

Вицепремиерот Маричиќ ги претставил приоритетните активности и изразил уверување дека со лична посветеност и силна заложба ќе работи на унапредување и зајакнување на улогата на Секретаријатот за европски прашања како координативно тело на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Фокусот бил ставен на билатералната развојна соработка помеѓу двете земји, која традиционално се остварува во рамки на Договорот за развојна соработка помеѓу Република Северна Македонија и Кралството Шведска. Од страна на амбасадорката Форсгрен Бенгтсон била презентирана новата Стратегија за развојна помош 2021-2027, во која е предвидена и нашата земја за користење на финансиски средства во приоритетните области, клучни за реализација и унапредување на реформскиот процес. Амбасадорката додала дека Кралството Шведска, како најголем билатерален донатор од земјите на ЕУ во земјата, ќе продолжи со поддршката на Северна Македонија и во претстојниот период.

Новата Стратегија за развојна помош предвидува четири приоритетни области за поддршка на процесот на пристапување за унапредување на економската интеграција со ЕУ и развој на пазарната економија, зајакнување на демократијата, почитувањето на човековите права и владеење на правото, заштитата на животната средина и подобар одговор на климатските промени како и градење на инклузивни општества.

Вицепремиерот Маричиќ во разговорот изразил благодарност за континуираната и принципиелна поддршка на Шведска за евроинтеграцијата на Северна Македонија и ја истакнал важноста од понатамошен развој во реформската соработката меѓу двете земји, но и во соочувањето со бројните глобални предизвици, како земја кандидат за членство во ЕУ.

Бојан Маричиќ СЕП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.