Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ демантира: Мојот дедо цел живот носеше лузна добиена во нацистички логор

0
By Нова ТВ on January 31, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Згрозен сум од обидот преку тенденциозни и опасни лаги да се наруши мојот и угледот на мојата фамилија. Несфатливо е како во 2021 година сè уште во јавноста, без трошка совест и одговорност се објавуваат вакви наслови“, објави министерот за правда, Бојан Маричиќ, откако дел од медиумите блиски до опозицијата објавија текст со наслов „Таткото на Бојан Маричиќ сликан гордо со статуата на Хитлер и книгата Мојата борба“.

Според министерот, тој и целата негова фамилија, единствено се горди на нашите дедовци кои си ги жртвувале животите на фронтовите токму во борбата против фашистите, „а таткото на мојот татко, мојот дедо, носеше целиот свој живот лузна добиена при неговиот престој во нацистички логор“.

„Во објавата на порталот „Република“ се пренесува пост од социјалните мрежи, а во содржината тенденциозно е изоставен делот во кој татко ми под неговата фотографија направена во

Документацискиот центар за нацизмот во Нирнберг пишува „Култот уште живее ама само во вакви музеи кои служат за опомена“. Повеќе од јасно дека станува збор за предупредување дека со градењето на култови кон личности светот и државите можат повторно да се соочат со зло какво што беше фашизмот. За жал, токму фашистите за своите пропагандни цели се служеа со тенденциозни лаги и невистини“, стои во објавата на Маричиќ, кој додава дека е свесен дека едноставно се работи за обид за негова дискредитација пред најавената интерпелација од опозицијата и уште повеќе поради почетокот на длабинските реформи во правосудството.

„Ваквите ниски напади само дополнително ме мотивираат да продолжам уште понапорно да работам за доброто на државата и граѓаните“, заклучува Маричиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
ФОКУС

Стармер го прекинува престојот во Данска – Итно се враќа во Велика Британија поради нападот во Манчестер

ВЕСТИ October 2, 2025

Британскиот премиер Кир Стармер одлучи итно да се врати во Велика Британија откако доби информации…

Израел ја уапси Грета Тунберг

October 2, 2025

Тел Авив: Активистите пловат кон Израел но ќе ги депортираме во Европа

October 2, 2025

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

October 1, 2025
ТИКЕР

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.