Вицепремиерот Бојан Маричиќ информира дека неделава започнува скрининг за три поглавја.
„Очекуваме кон крајот на март или почетокот на април да излезе извештајот од скринингот и од него ќе произлезе листа на задачи“, рече тој во гостување во ТВ24.
За неуспехот на одредени реформи, Маричиќ вели дека објаснил во Брисел зошто е таков исходот.
„Велам дека тоа пред се е недостаток на политичка волја кај опозицијата, објаснуваме дека треба двотретинско мнозинство за избор на совет во МРТ и АВМУ… Процесот на евроинтеграција повеќе пати бара двотретинско мнозинство, не ни треба такво мнозинство само за уставни измени, денеска е АВМУ, утре се уставни измени, друг ден ќе биде нешто трето… Ако опозицијата за секое
двотретинско мнозинство бара предвремени избори, ќе треба секои шест месеци да одиме на избори“, рече Маричиќ.