Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Идеално е процедурата за уставните измени да почне во јуни, дали има двотретинско мнозинство е „прашање за милион долари“

0
By Соња Крамарска on March 15, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
фото: МИА. Од денешната изјава на Маричиќ во Брисел
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Идеално би било собраниската процедура за уставните измени да започне пред летото, некаде во јуни, со цел целата постапка да биде спроведена во еден инклузивен процес во кој ќе бидат вклучени повеќе експерти и опозицијата, изјави денеска во Брисел вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

„Владата на вчерашната седница го отвори ова прашање и мислам дека под водство на Министерството за правда ќе започне еден консултативен процес, со којшто во наредниов период, во наредниве неколку дена или не повеќе од две-три недели, ќе се формулираат уставните амандмани во еден инклузивен процес со повеќе експерти, дури мислам дека ќе биде повикана и веќе беше повикана и опозицијата да учествува во овој процес и да даде свој придонес во формулирањето на амандманите“, истакна Маричиќ, јави известувачот на МИА од Брисел.

Тој нагласи дека по нивното формулирање ќе следи јавна расправа на која ќе се дискутира по тие амандмани во нивната суштина, многу повеќе отколку до сега, пред се во однос на нивното значење, надвор од самото внесување на неколку заедници во Уставот, по што веднаш се очекува тие да влезат во собраниска процедура.

Во однос на тоа дали во Собранието ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени, Маричиќ истакна дека тоа е „прашање за милиони долари“ на кое во овој момент не може да даде одговор.

„Можам да кажам дека ние ќе се потрудиме и ќе направиме се оваа година, до крајот на скринингот, да ја завршиме обврската од Преговарачката рамка со двотретинско мнозинство да го смениме Уставот и да внесеме неколку заедници во него – во Преамбулата и во делот на Комитетот за меѓунационални односи на Собранието“, истакна тој.

Маричиќ нагласи дека за важноста на уставните измени очекува да стане збор и за време претстојната посета на високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Скопје.

„Ние ќе ги искористиме тие средби и таа можност да укажеме на тоа дека е важно, доколку сакаме да успееме во процесот на уставни измени и во процесот на имплементација на договореното со „францускиот предлог“, дека ќе мора партнерски да функционираме и од двете страни и од Скопје и од Софија“, рече Маричиќ.

Тој изрази жалење што сега во време на предизборната кампања во Бугарија, има настапи на бугарски политичари кои не се секогаш партнерски, додавајќи дека очекува тоа да се смени по завршувањето на изборите.

„Јас очекувам дека и премиерот и врвот на Владата ќе има можност да разговара за тоа и со Борел и со Вархеји“, додаде Маричиќ.

Борел и Вархеји в петок во Скопје ќе учествуваат на седницата на Советот за стабилизација и асоцијација, настан кој, според Маричиќ, е многу важен.

„Обично тој се случува овде во Брисел и сега првпат практично целата структура на Советот од европска страна доаѓа во Скопје за да ја одржи оваа седница. Тоа е добар сигнал и одличен сигнал сам по себе“, заклучи Маричиќ.

Бојан Маричиќ уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.