„Секако дека има правда, но дали е доволна, можеме да дискутираме. За разлика од пред неколку години, од првите „бомби“ наваму се отворија многу процеси и денес имаме различна ситуација, имаме попатни разочарувања, би рекол падови и напредок, но сите очекуваме да биде подобро. Во многу ситуации нема правда, во многу институции.
-За да се солидаризираме со граѓаните, тргнавме со идејата и за формирање на СЈО, за реформи во правосудството, за прочистување, и сите напори се во таа насока. Битката не е завршена, но дека сме тргнати на вистински пат, трнати сме. Јас ќе бидам задоволен со правда сите случаи на СЈО да имаат завршница, кога ќе имаме издвојување на чесните суидии и кога ќе функционира системот. Делумно сум задоволен од она што е направено до сега, но дека треба многу повеќе – треба.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во Анализа 24 на телевизија 24.