Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Не треба референдум, без разлика на исходот опозицијата е против уставни измени и против ЕУ

0
By Соња Крамарска on September 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од вечерашното интервју на вицепремиерот Маричиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања во гостувањето на „Топ Тема“ изјави дека нема да има никаква смисла ниту цел одржување на референдум, кога без разлика на исходот, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не планира да гласа.

„Прашањето за референдум е навистина сериозно и жалам што ВМРО-ДПМНЕ на таков начин го отвори, не е тоа соочување на власта и опозицијата, туку едноставно зошто би биле ставени граѓаните во таква ситуација. Да се потсетиме прашањето кое што го предлага ВМРО-ДПМНЕ за референдумот е врзано за договорот од 2017, договорот со Бугарија, за кој што исто како и за францускиот предлог во јули оваа година, ВМРО-ДПМНЕ немаше ни храброст а имаше можност да гласа против. Тие ниту тогаш во 2017, ниту сега за францускиот предлог не гласаа против, туку ја напуштија салата на чинот на гласањето“, вели Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ смета дека ова е политичка игра или желба за тоа како опозицијата да излезе од оваа ситуација во која што самите се најдоа, повикувајќи се на фактот што со години во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, која влијаеше и СДСМ да ја смени програмата, беше ставено, дека било кое решение со Грција треба да се најде на референдум пред граѓаните и кога дојде времето за референдум 2018 година, ВМРО-ДПМНЕ реши да го бојкотира.

„Доколку навистина ВМРО-ДПМНЕ беше против францускиот предлог и против Договорот со Бугарија ќе гласаа против  ратификацијата или сега зошто, пет години подоцна се отвора прашањато за референдум за Бугарија зошто не се отвори прашањето за референдум за Преспанскиот договор кога веќе го отвараат за договорот со Бугарија“, истакна Маричиќ.

Маричиќ вели дека се јасни условите под кои ќе влеземе во  Унијата, тие се веќе поставени во преговарачката рамка и смета дека ако се прави референдум, прашањето треба да биде вистинското, не дали сте за поништување на договорот, туку дали сте за членство во Европската Унија.

„Топ Тема“ Бојан Маричиќ референдум на ВМРО-ДПМНЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.