Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ од Брисел: Процесот на преговори со ЕУ го отвора пазарот на труд и го прави македонскиот работник повеќе вреднуван

0
By Ана Василевска on March 3, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Брисел во тек е одржувањето на билатералниот скрининг за скрининг состанок за Поглавје 2 „Слободно движење на работникот“, за кое вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во своето видеообраќање од Европската комисија, кажа дека ова е многу важно поглавје за македонските граѓаните, бидејќи со усогласувањето со законодавството на ЕУ се отстрануваат бариерите поврзани со европскиот пазар на трудот, а неговото отворање ќе го направи македонскиот работник повеќе вреднуван.

„Со пристапувањето на Северна Македонија во Унијата, за македонските граѓани ова значи работа без работна дозвола, еднаков третман при вработувањето како и со државјаните на останатите земји членки на ЕУ, еднакво социјално осигурување како граѓаните на земјата-членка каде што работникот е вработен, право на пензиски и социјални придонеси, меѓусебно признавање на квалификациите“, вели во видеообраќањето Маричиќ.

Како што соопшти СЕП, вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ вели дека имаме направено низа реформи во оваа област, но уште треба да се направи, посочувајќи дека Северна Македонија има склучено 15 билатерални договори за социјално осигурување со земји-членки на Европската Унија, а со 9 земји-членки на ЕУ за користење на Европската картичка за здравствено за осигурување на територијата на Северна Македонија.

Оваа недела во Брисел на скрининг агендата беа Поглавјата 9, „Финансиски услуги“, 28, „Заштита на потрошувачи и јавно здравје“, а денеска во моментов во тек е скрининг состанокот за Поглавје 2 „Слобода на движење на работници“, поглавја кои како што вели Маричиќ содржат прописи исклучително важни за граѓаните и квалитетот на животот, но и за финансиската и макроекономската стабилност на Северна Македонија.

„Ни останува уште да презентираме за постигнувањата и усогласувањата со ЕУ за Поглавјето 8, „Конкуренција“ многу важно поглавје од Кластерот 2 „Внатрешен пазар“, и според предвидениот календар продолжуваме со третиот кластер“, најави Маричиќ.

Вицепремиерот оценува дека преговорите со ЕУ се одвиваат по планот и дека македонскиот преговарачки тим успешно го води скрининг процесот и дека е важно да го задржиме ова темпо и да одржиме континуитет во преговорите со ЕУ.

„Тоа ќе наметне забрзување на реформите, што е секако во наш интерес, за добро на државата и на граѓаните. Да докажеме дека сме сериозна држава за членство во ЕУ и дека сме исполнителни во спроведувањето на нашите обврски и европската реформска агенда. Во ноември оваа година подготвени за следната фаза, да продолжиме понатаму и граѓаните да почнат вистински да ги чувствуваат придобивките од пристапните преговори со ЕУ“, порача Маричиќ. 

Бојан Маричиќ Брисел ЕУ скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.