Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Mаричиќ од Котор: Нема време за губење во успешното спроведување на договорените обврски на секоја од земјите опфатени со Планот за раст на Западен Балкан на ЕУ

0
By Ана Василевска on May 15, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ учествуваше на Регионалниот состанок на министрите за европски прашања и финансии на Западен Балкан посветен на Планот за Раст. Регионалниот состанок му претходи на Лидерскиот самит на западен Балкан кој ќе се одржи утре, 16 мај 2024.

Како што соопшти СЕП, средбата ја отвори домаќинката на регионалниот состанок, министерката за европски прашања на Црна Гора, Мајда Горчевиќ истакнувајќи ја важноста на соработката во регионот кој има заедничка визија.

На средбата се обрати Герт Јан Копман – Генерален директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување. (ДГ НЕАР), висок претставник на Европската Комисија со што ги нагласи напорите и заложбата на Европската Комисија за реализација на Планот за раст за Западен Балкан.

На средбата се зборуваше за приоритетите за спроведување на рефорсмките агенди на земјите од Западен Балкан со акцент на конкретните чекори кои треба секој од земјите вклучени во Планот да ги превземат.

Во своето обраќање Маричиќ го наведе усогласувањето на приоритетите на државата со приоритетите на Брисел. Ги истакна договорените и усогласени обврски и мерки кои ќе се спроведуваат. Ја истакна важноста на СЕПА – Пристап до единствената област за плаќање во евра, Зелените ленти за унапредување на олеснувањето на трговијата и транспортот, за слободните Вај-фај зони на јавните простори во 500 општини во регионот и за развој на Дигиталните иновативни центри.

Понатаму во обраќањето ги наброја утврдените, следни чекори односно работата на проектите за Академија за единствен пазар со што се осигурува усогласување на националните системи со оние на ЕУ, важноста за прифаќањето на Дигиталниот паричник, како удобен и безбеден метод за граѓаните и бизнисите да го утврдат нивниот идентитет, користејќи ја нивната дигитална лична карта за интеракција и во јавниот и во приватниот сектор.

Вицепремиерот Маричиќ за крај се заблагодари до Европската Комисија, главниот инцијатор на целиот процес Герт Јан Копман, генералниот директор на ГД Неар, на целиот регион на Западен Балкан како и државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, вработените во администрацијата кои во соработка со министерството за финансии ги поставија главните приоритети, упорно работеа на реализација на Планот за раст за Западен Балкан.

Европската Унија направи голем исчекор и заложба со иницијативата за Планот за раст за соработка на регионот. Затоа, регионот и сите засегнати страни заедно со Европската Комисија  мора да продолжат да работат да ја реализираат иницијативата на регионот.

Регионот го постави Планот за раст во функција за забрзување на членството во ЕУ до 2030 и треба сите заедно да бидеме активни, транспарентни и упорни во успешна реализација на оваа важна иницијатива.- рече Маричиќ.

Состанокот на министрите и вицепремиерите на Западен Балкан го носи насловот „Еден регион, заедничка визија“ и му претходи на утрешниот Лидерски самит на кој ќе учествуваат лидерите на земјите од регионот на Западен Балкан, како и највисоките претставници на Европската Комисија.

На средбата учествуваше и државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили.

Секретаријат за европски прашања

Бојан Маричиќ во Котор Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.