Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Поддршката од ЕУ за македонските граѓански организации е клучна за реформската агенда и преговорите

0
By Ана Василевска on November 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска присуствуваше на презентацијата на ЕУ проектот: „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, каде истакна дека поддршката од Европската унија за македонските граѓански организации е клучна за спроведувањето на реформската агенда и за напредокот на процесот на преговори.

„Сметам дека на граѓанските организации, во мала земја како нашата, во време кога преговараме за полноправно членство во ЕУ, треба да им се даде простор да учествуваат и да дадат свој придонес за ефикасноста и ефективноста на преговорите. Идејата е тоа да постигнеме во согласност со законската рамка и секако без да се наруши независноста и природата на нивната работа, рече Маричиќ, информирајќи дека Секретаријатот за европски прашања во рамките на проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“ има ангажирано регионален експерт за поддршка во дефинирањето на моделот за соработка со граѓанскиот сектор“, рече Маричиќ. 

Тој истакна дека како претставник на Владата и актуелен главен преговарач е целосно свесен за клучната улога на граѓанското општество во преговарачкиот процес и од таа причина, во рамките на Одлуката за формирање преговарачка структура за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија е предвидена можност во работните групи да учествуваат и претставници на граѓанското општество.

„Владата континуирано презема системски мерки за градење на соработка и транспарентен и целосно инклузивен дијалог со граѓанските организации. Нив ги сметаме за рамноправен партнер и коректор на нашите одлуки, со целосно право да учествуваат во креирањето политики“, рече вицепремиерот Маричиќ пред шефот на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин и претставниците на граѓанските организации.

Вицепремиерот Маричиќ информираше и дека е во завршна фаза објавување повик за неопходно освежување на првичното мапирање на граѓанските организации заинтересирани за вклучување во кластерите/поглавјата.

„Секретаријатот за европски прашања ќе продолжи да обезбедува здрава основа за учество на граѓанските организации во процесите со кои раководи и потоа да придонесе за уште поголема демократизација на нашата земја“, порача Маричиќ.

Како човек која доаѓа од граѓанскиот сектор, Маричиќ смета дека во заеднички интерес е граѓанските организации да се активни и нивната работа да дава позитивни резултати во локалните заедници, бидејќи на тој начин граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките од трансформацијата и европеизацијата на општеството.

Граѓанскиот механизам за отпорност на ЕУ (CRM) е шема за поддршка во натура за малите и т.н. грасрут организации кои им служат на локалните заедници низ целата земја. ЕУ одвои 900 000 евра за поддршка на активностите предложени и спроведени од граѓански организации. Секој успешен апликант може да добие поддршка до 20 000 евра, а активностите се очекува да започнат во јануари 2023 година. Шемата за поддршка во натура се спроведува во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, а проектот функционира од крајот на 2020 година и веќе испорача значајна помош до владините институции одговорни за соработка и поддршка на граѓанското општество.

Бојан Маричиќ граѓански организации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.