Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Правото на ЕУ преведено на македонски јазик официјално во Службен весник на ЕУ

0
By Mirjana on July 27, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска потпиша Рамковна спогодба за превод на европското законодавство на македонски јазик со седум економски оператори.

„Едно од клучните обележја на Европската Унија отсекогаш била нејзината повеќејазичност и ние, со денешното потпишување на оваа Рамковна спогодба, со здружени сили ја докажуваме нашата заложба да придонесеме кон успешно објавување на правото на ЕУ на македонски јазик во Службениот весник на Европската Унија, истакна Маричиќ во обраќањето по повод потпишувањето на рамковната спогодба за превод.

Како што соопшти СЕП, тој нагласи дека процесот на преведување на европското право на македонски јазик се одвива без прекин, бидејќи и по отворањето на преговорите со Унијата и отпочнувањето на скрининг процесот земјата паралелно мора да работи на усогласувањето на националното законодавство со правото на ЕУ.

„Успехот на скринингот и неговото времетраење во голема мера зависи од усогласувањето, односно процесот на преземање и примена на acquis, рече Маричиќ, посочувајќи дека овој услов за членство е идентичен за сите земји кандидатки, а произлегува од правниот систем на ЕУ, кој одредува дека сите официјални јазици на земјите-членки се и официјални јазици на Унијата и дека сите јазични верзии на правните акти се оригинални и еквивалентни. 

Маричиќ истакна дека добар и квалитетен превод значи правилно транспонирање и имплементирање на законодавството на Европската Унија, а истовремено македонскиот јазик ќе ужива статус на еднаков и официјален јазик на Унијата кога нашата држава ќе стане нејзина полноправна членка.

Изминатата година, од страна на внатрешните ресурси со кои располага Секретаријатот за европски прашања, заедно со ангажираните надворешни лица, беа преведени, јазично ревидирани и лекторирани вкупно 17.322 страници, што претставува показател на една успешна приказна, која мора и треба да продолжи.

Оваа година СЕП склучи Рамковна спогодба со седум економски оператори за превод на европското законодавство, кои вкупно имаат 110 преведувачи и 35 лектори. Согласно оваа Рамковна спогодба ќе се врши превод од англиски и француски јазик на македонски јазик, истите текстови јазично ќе се ревидираат и лекторираат. Понатаму пакетите се испраќаат во СЕП и нашиот сектор- Сектор за подготовка на националната верзија на правото на ЕУ врши внатрешна контрола на доставените материјали. Оваа година има предвидено вкупно 20.000.000 денари со ДДВ за усогласување хармонизација со европската правна рамка и се очекува превод, јазична ревизија и лектура на над 15 000 авторски страници.

Правото на ЕУ претставува инструмент за успешна интеграција, но неговото усвојување е услов, а не предмет на преговарање со Унијата. Оттука, преводот на правото на ЕУ претставува наша обврска која мора да биде извршена со највисок квалитет и да се одвива континуирано. Македонскиот јазик ќе ужива статус на еднаков и официјален јазик на Унијата кога нашата држава ќе стане нејзина полноправна членка. Преводот на правните акти на ЕУ мора да соодветствува со стандардите на македонскиот јазик, а сепак да го одразува духот на евро-жаргонот, со што ќе се обезбеди збогатување, но и заштита на самиот јазик, а тоа бара интензивна работа, особено во годините што доаѓаат, вели Маричиќ. 

во официјалниот весник на ЕУ Европското право на македонски јазик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.