Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Со онлајн судењето ќе имаме побрзи постапки, а ќе заштедат и граѓаните

0
By Biljana on June 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

60% поефикасни и потранспарентни судски постапки најави министерот за правда Бојан Маричиќ, преку спроведување на проектот за дигитализација во судството.

„Дигитализацијата за жал во некои сегменти од општеството наидува на отпор, но отпор кон модернизацијата не треба да има“, вели Маричиќ, според кого на овој начин ќе се намалат и трошоците за граѓаните. За оваа намена министерот сподели дека наскоро ќе се дигитализираат двесте судници, а ќе следуваат и измени во законските решенија.

„Министерството за правда со директна помош на САД, ЕУ, ОБСЕ и Норвешка, целосно ќе дигитализира речиси 200 судници и 34 судови низ земјата. Тоа за граѓаните ќе значи побрзи и поевтини судски постапки што е наше големо ветување. Овој процес е во напредна фаза. Планот е направен, Владата го усвои и во наредните месеци следува практичната реализација на проектот, кој ќе биде дополнет и со промена на неколку закони“, истакна министерот за правда на својот фејбук профил.

Од Основното јавно обвинителство претходно истакнаа дека се подготвени и имаат опрема за вклучување во онлајн судска постапка, но пак од судот нагласија дека им е потребна техничка поддршка, покрај измените во процесните закони што ги најави и Министерството за правда.

„Законите се пречка да се спроведуваат онлајн судења. Кривичниот суд и не располага со доволна техничка опременост, но можеби две до три судења е возможно се прават дневно“, изјави неодамна претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев.

Досега единственото онлајн судење спроведено кај нас беше во Основниот суд – Кавадарци, преку електронската платформа за двонасочна комуникација Microsoft Teams, со што се овозможи судењата со сите инволвирани учесници да се одржат без нивно заедничко физичко присуство во зградата на судот.

„На овој начин, судот и сите други учесници во постапката, ги презедоа и обезбедија сите мерки за превенција, со обезбедување на социјалната димензија за време на воспоставената вонредна состојба, со цел за непречено одржување на расправите и преземање дејствија во текот на судските постапки“, информираа од судот.

Министерство за правда Судови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.