Социјалните мрежи и нивното регулирање и контролирање во смисла на загрозување на интегритетот на личност и човековите права предизвик за цел свет. За нас е успех што не успеавме да продолжи. Имаме ситуација каде 4 лица се лишени од слобода за овој случај, предметот е предаден во ЈО за понатамошно постапување и имаме ситуација каде подговотвуваме промена на законска рамка за зајакнување на гонењето на овие случаи, меѓудругото поттикнати и од овој случај (Јавна соба) да го забрзаме процесот, изјави во Утрински брифинг министерот за правда, Бојан Маричиќ.
-Дека нашите институции треба и можат да работат подобро и побрзо тоа не е спорно, но никој не може да ја оспорува политичката волја да бидат решени овие случаи, никој не може да оспорува дек аво последните денови експресно реагираше МВР и во таа смисла тоа само го потврдува зошто важно е јавноста да биде будна и да реагира и зошто е важно институциите кои ние ги предводиме екпресно да реагират, додаде Маричиќ.
Тој се согласува дека работите во Советот за јавни обвинители не се движеле доволно брзо, но не се согласува дека целото Обвинителство не ја знае својата работа.
-Оценувањето е направено врз основа на методологија која сами ја создадоа, врз основа на Законот за ЈО кој што беше донесен пред една година и пофален од цел свет и беше основа за носење на одлуката во март 2020 за почеток на преговорите. Неопходно е и обвинителите и судиите сами да си ги прочистат редовите врз основа на критериумите и методологиите кои самите ги дефинираа. Со поддршка од Владата, со добра законска рамка, со јасни критериуми и индикатори без чистки, може да се дојде до резултат. Другата опција е ветинг, смета Маричиќ и додава дека многу е важно да се има демократски баланс во сите реформи кои ги правиме. Не е реформа ако Владата директно се меша во работата на Советот за обвинители. Тоа е уставно дефинирано, вели Маричиќ.
Говорејќи околу корупцијата и последниот индекс на оценување на Економист, Маричиќ вели дека државава има една цела декада од назадување.
-Ако гледаме по индексите на „Економист“ или Транспаренси највисока оценка сме имале во 2006. Сме имале големи назадувања, но и сериозни чекори на пример 2018, 2019 се успешни приказни и имаме сериозни напредувања. 2020 е специфична заради пандемијата. Мислам дека и покрај се во индексот за демократија сме позитивно оценети, при тоа не заборавајте дека имавме нефункционален парламент повеќе од пола година, имавме вонредна состојба каде владата имаше моќ да носи уредби со законска сила и сето тоа има влијание. Но мислам дека и во сите тие предизвици добро поминавме. Во однос на корупцијата тоа е слика за целата држава и е за повеќе слоја во општеството. Владата прави и ќе продолжи да прави напори во врска со ова прашање, вели Маричиќ.
-Резултатите ги гледаме секој ден, одиме чекор по чекор и и очекувам дека како одминува времето се повеќе ќе бидат видливи. Постојат законски претпоставки, овозможуваме финансиски ресурси и секој треба да си го земе својот дел од одговорноста. Одговорноста за борбата против корупцијата не може да биде на еден човек во државата. Одговорноста е на секого, од најниско до највисоко ниво, вели Маричиќ.