Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Уставните измени што сега треба да ги направиме, не се толку проблематични како претходните

0
By Соња Крамарска on July 23, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во емисијата „Трилинг“ најави дека за уставните измени ќе се отвори дијалог со сите партии и сите пратеници ќе имаат можност во наредниот период да се изјаснат на која страна на процесот ќе бидат, дали за ЕУ и продолжување на тој пат или за нов застој и блокади.

„Јас сум убеден дека мудро ќе одлучат пратениците во тој нареден период, имаме доволно време да разговараме со сите и да ги убедиме и се надевам исто така и дека опозицијата ќе го разбере овој процес колку е важен и колку е важно да се обединиме околу ова“, додаде Маричиќ.

На прашањето за можно купување гласови на пратениците, вицепремиерот Маричиќ кажа дека во последните 5 години никогаш немало купување на гласови во нашето Собрание, а тоа што успеале во еден значаен процес да се направи, да убедат определен дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат „за“, во случајот за Договорот од Преспа, било една сериозна задача, којашто требаше да нè внесе во НАТО.

„Пред нас е уште една таква задача, а тоа е продолжување на патот на преговорите со ЕУ, бидејќи веќе ги започнавме. Мислам дека треба секоја политичка партија и секој пратеник да има доволно чувство на одговорност во наредниот период. Ќе има време да се одлучи дали е за патот на ЕУ или е против. Содржински уставните измени коишто сега треба да ги направиме се далеку понепроблематични, од тоа што сме правеле во минато со Договорот од Преспа. Ова сега е додавање на уште неколку заедници или групи во нашиот устав што отсекогаш бил наша вредност, ништо ново, ништо поразлично“, додаде Маричиќ.

„Нашето Собрание усвои заклучоци кои даваат јасна рамка на дејствување дека ништо поврзано со јазикот, нашиот македонски јазик идентитетот и културната посебност, обележјата на еден народ нема да биде под прашање доколку тоа се отвори во кој било момент. Ние секако дека за тоа ниту ќе разговараме, ниту имаме намера да преговараме, ниту пак тоа е дел од европските правила. Значи ништо од тоа не е во рамките на европските критериуми и затоа сме сигурни и се чувствуваме сигурни да влеземе во овој процес и да чекориме напред, затоа што доволно беше чекање и блокади 17 години“, изјави вицепремиерот Маричиќ во синоќешното издание на „Трилинг“. (Р.Н.)

Бојан Маричиќ Трилинг уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.