НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ за НОВА: Напредокот меѓу Скопје и Софија од јануари до сега е постојан и интензивен

0
By Biljana on March 13, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за НОВА зборува за резултатите од последната рунда разговори кои минатата недела се одржаа меѓу работните групи во Софија.

Следната рунда разговори е закажана за средината на април во Скопје

 Дали има напредок во разговорите меѓу Скопје и Софија? Што се случи на последната средба на работните групи одржана неделава во Софија?

– Со воспоставувањето на новата методологија за секторска соработка, можам слободно да кажам дека напредокот меѓу Скопје и Софија од јануари до сега е постојан и интензивен. Во четвртокот во Софија разговаравме и договоривме нови конкретни соработки во рамки на работната група за европска соработка – зелена транзиција, дигитална трансформација и владеење на правото. Станува збор за исклучително важни заеднички чекори кои договоривме да ги преземеме заеднички и кои од една страна ја забрзуваат нашата реформска агенда, а од друга страна носат конкретни придобивки во секојдневното живеење и на македонските и на бугарските граѓани.

Во овој процес, особено е важно и тоа што во време на криза сме на иста страна, сојузници кои споделуваме стратешки позиции, две држави кои сме на страната на мирот, дијалогот, стабилноста и безбедноста. Јас сум уверен дека напредокот во соработката меѓу Северна Македонија и Бугарија значи и нов извор на стабилност и можности кои извираат од срцето на Балканот во услови на голема глобална, европска, економска и воена криза.

На последната средба потпишавме меморандуми за конкретни соработки меѓу двете државни пошти, како и двегодишна Програма за спроведување на Договорот за соработка меѓу  двете министерства во областа на животната средина и управувањето со водите, потпишана 2019 година, а дефиниравме идеи и можности за соработка на полето на борбата против корупцијата, граѓанскиот сектор и развивањето прекугранични електронски услуги за граѓаните.

Работиме со брза динамика и затоа се договоривме следната работна средба да биде во Скопје, на почетокот на април, со завршени обврски кои произлегуваат од средбата во Софија.

Ваквиот начин на работа покажува дека владите на двете држави одржуваат редовна конуникација, брзо ги завршуваат задачите што сами си ги задале и со тоа обезбедуваат напредок во соработката и градењето доверба и конкретни придобивки за граѓаните, што всушност беше и целта за нивното формирање.

Мислам дека што поголема успешност имаме од работата на секторските групи, толку полесно и побрзо ќе се надминуваат отворени политички прашања, а тоа директно води кон почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

  • Една од обврските преземени од двете страни е да се зајакнe соработката меѓу граѓанскиот сектoр. Што е договорено на овој план?

– Има голем интерес од двете страни за зајакнување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор, а има и одлична подлога за напредок. НВО секторот од двете земји веќе има воспоставено канали за комуникација и соработка и остварува конкретни заеднички проекти, но работиме на тоа како влади да ја поддржиме и помогнеме таа директна соработка меѓу граѓанските заедници, особено на темите кои се важни за двете држави, а се клучни за европската интеграција, како што се зелената агенда и доброто владеење.

Се разбира, оваа соработка ќе се темели на идеите, согледувањата и приоритетите на граѓанскиот сектор, за што ќе следат консултации во двете држави.

  • Што подразбира споделување на искуства во борбата против корупцијата?

– Ние преговорите со ЕУ ќе ги започнеме со отворање на 23-то поглавје во кое спаѓа борбата против корупцијата, а на тоа поле од Бугарија како земја членка на Европската Унија има што да се научи. Станува збор за преземање конкретни позитивни и практични искуства во делот на електронското правосудство, намалувањето на човечкиот фактор низ судските предмети и ставање на дигитализацијата во целосна функција на брзо и праведно решавање на случаите во корист на граѓаните, унапредување на затворските системи и слично.

Договоривме  дека е потребно на следниот заеднички состанок, да бидат присутни и претставници на независните антикорупциски тела на идвете земји, кои ќе имаат посебен заеднички работен дел во чии рамки ќе ги разгедаат антикорупциските политики на двете земји и ќе дефинираат како и да се воспостави практична соработка.

  • Што се договара на планот на соработката меѓу министерствата за екологија?

– На овој состанок, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, заедно со бугарскиот колега, вицепремиер за климатски политики и министер за животна средина и води на Република  Бугарија Борислав Сандов, потпишаа двегодишна Програма за спроведување на Договорот за соработка меѓу  двете министерства во областа на животната средина и управувањето со водите, потпишан во 2019 г, кој досега не бил започнат со имплементација.

Со потпишувањето на Програмата се потврдија заедничките заложби за подобрување на билатералната соработка меѓу двете држави преку спроведување на конкретни активности за поквалитетна заштита на животната средина и активно вклучување во реализација на  заеднички иницијативи.

Како соседни кои делиме речни базени даден е предлог да се формира посебна работна група за води која ќе работи врз претходно потпишан билатерален договор,  на анализа на веќе постоечкото законодавство. Во некои области се обезбедени и конкретни средства од ЕУ фондовите, за што се заложиле бугарските колеги.

Се разговара и за прекугранични проекти Битола – Кожани – Перник за декарбонизација на конкретни предели од двете страни на границата, за што ќе биде потребно повисоко ниво на соработка меѓу локалните власти и цивилното општество по ова прашање, но и вклучување на Република Грција која е понапред во оваа област.

  • Се одржа и состанок меѓу поштите. За каква соработка зборуваат овие две институции?

-Директорот Макрадули одржа состанок со својот бугарски колега, на кој покажаа иницијатива и вистинска желба за имплементација на заеднички проекти и нова динамика на соработката помеѓу двете пошти. Поврзувањето и соработката подразбираат и брза комуникација, брз проток на производи и брза размена на пратки и информации.

Јас сум навистина задоволен што двете пошти за краток период покажаа сериозен напредок и стигнаа до потпишување Меморандум за поштенска соработка кој опфаќа развој на меѓународните поштенски услуги и е-трговија. Во периодот што следува очекувам да видиме имплементација на заеднички проекти во рамките на програмите за прекугранична соработка и со користење на претпристапните фондови на ЕУ со кои располага Северна Македонија, Фондот за квалитет на услугата на Светскиот поштенски сојуз, како и меѓусебна поддршка за учество во меѓународни организации и програми од поштенската област и размена на добри практики и знаење за развој на иновативни услуги.

Она што за граѓаните ќе биде вистинско олеснување кога е во прашање намалување на времето потребно за една пратка да стигне од кај нас до Бугарија, е тоа што двете пошти работат на решение пратките директно да се упатуваат кон Бугарија, а не преку Белград како што било до сега, со децении. Во 21 век, во дигитализиран начин на комуникација, навистина не смее ниту една причина една пратка од Скопје до Софија да патува преку Белград. Тоа ќе го промениме во интерес на полесна и побрза комуникација меѓу граѓаните и фирмите и во интерес на европските слободи за непречен проток на стоки, услуги, добра и луѓе.

 

  • Кои се очекувањата од посетата на Борел?

-Борел има своја балканска турнеја во чии рамки доаѓа и во Северна Македонија. Добро е што регионот и ние сме повторно во фокус на Европската Унија. Очекувам да се разговара за украинската криза и за тоа што нашата регионална соработка тука на Западен Балкан е препозаена како извор на стабилност и безбедност. Со сигурност ќе бидат потенцирани заложбите за брза европска интеграција на Западен Балкан кон Европската Унија, во што е можно побрзи рокови.

Бојан Маричиќ интервју
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.