Мариет Шурман: Проблемите не се решаваат на улица
Амбасадорите на Холандија, Италија и ОБСЕ интервенираа во општина Центар во обид да придонесат кон намалување на тензиите создадени по насилнио упад на демостратните во општина Центар. Амасадорите остварија средба со градоначалникот Андреј Жерновски и советничките групи во советот на општината.
Нашиот став е дека граѓаните имаат право на протест но и тоа дека советниците кои се избрани претсавници на граѓаните исто така треба да бидат соодветно заштитени за да можат да ја извршуваат својата работа. Проблемите треба да се решаваат во демокрстаки процедури а не на улица, изјави за НОВА , амбасадорката на Кралството Холандија Мариет Шурман по средбата остварена со градоначалникот и советниците во општина Центар.