Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марин за градбата кај Мајчин Дом: Се чека Уставен, нема друга опција

1
By Нова ТВ on October 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ситуацијата со парцелата пред Мајчин дом е затекната и наследена, се обидовме на сите начини да ја смениме, но не успеавме, изјави

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин денеска изјави дека ги поддржува граѓаните кои денеска во 17 часот најавија протест на парцелата пред Мајчин дом каде од ноќеска на полноќ започна изградбата на деветкатницата на што жителите на Аеродром се противат и досега повеќепати протестираа.

Тој денеска одржа прес конференција, откако жителите повеќепати го прозваа, а на нивните забелешки добиваа само писмени соопштенија од Општината.

-Мојот став за ова прашање е непроменет. Зграда пред Мајчин дом не треба да има. Фактите се дека претходното раководство на Општината предводено од ВМРО-ДПМНЕ го донесе овој ДУП без најава и без дебата. Ние направивме ревизија, а пред Уставниот суд се доставени 13 претставки по однос на ДУП-оти. Аеродром до судот ги достави и сите потребни документи, но до денеска нема одлука, Уставен суд ниту го стави ДУП-от во мирување, ниту го поништи, изјави Марин и рече дека го поддржува протестот.

-Знаев дека ќе дојде до ваква реакција кај жителите на Аеродром. Затоа вечерва повикувам претставници од протестот да дојдат кај мене во Општината да разговараме и да се разбереме подобро – рече тој.

Според Марин мораториум за градежни активности на територијата на Општината не е решение, бидејќи тоа не постои како опција во законот. На прашањето, како такво решение е донесено во Општина Центар тој ги упати новинарите да го прашаат градоначалникот на Центар како донел мораториум на градбите во неговата општина, иако тоа не постои во законите.

За опцијата за размена на земјиште, тој вели дека не е можна, бидејќи инвеститорот бара огромна сума на пари, што би ја блокирало Општината следните четири години. Парцелата, рече тој, е купена за 2.700.000 евра, а за да се откаже од градбата инвеститорот во неврзани разговори бара над 8.000.000 евра.

Марин додаде дека не може ни да се избрише маркичката од ДУП-от затоа што со правилник донесен во 2015 година од претходниот министер за транспорт, Владо Мисајловски, ниедна парцела не може да се избрише или да се намали нејзината големина.

Според него планот со кој се предвидува изградба на зграда со девет ката пред Мајчин дом е донесен во април минатата година од претходната власт. Градежната дозвола е издадена во октомври, а правосилноста е добиеа вчера.

На приземјето е предвидено да има деловен простор, а останатите осум ката да бидат за станбено домување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.