Минатата недела во тридневен тренинг во Њујорк, Марина Абрамовиќ и даваше инструкции на Лејди Гага според Абрамовиќ Методот – серија на вежби со цел да се зголеми свеста на учесниците за нивните физички и ментални искуства во сегашниот момент.
Марина Абрамовиќ институт (МАИ) , според најавите е првиот простор посветен на практикување на Абрамовиќ методот, со кој учесниците се подготвуваат за извршување но и да го набљудуваат долгиот процес на перформансот на Абрамовиќ.