Кристина Костова: Маркетите да ги објавувале цените на интернет, граѓаните да ги споредувале, а премиерот со рацете у џеб да си посматра како тонеме во сиромаштија, ич мува да не го лазе, око да не му трепне, а скраја да е некоја конкретна мерка да спроведе. Со скрстени раце набљудува како забрзано се празнат џебовите на граѓаните, како странските фирми се пакуваат и си одат, оставајќи илјадници без работа и плата, како работниците, воспитувачките во градинките, наставниците во училиштата, се мачат крај со крај да врзат со платите кои речиси цела година не се покачени (порамнување не е покачување). Мицкоски се иззема себеси од секоја ситуација во која има можност, ама и директна одговорност како премиер да реагира, да преземе конкретни чекори за да создаде позитивни резултати кои се во интерес на граѓаните.