НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марковиќ: Клучот за опстанокот на македонскиот јазик е во неговата способност да се адаптира кон промените

0
By Jane Gjorgioski on May 25, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот јазик, како генеалошки словенски јазик во рамки на јужнословенската група, и географски, но и поради разни надворешно јазични околности се нашол на периферијата на словенскиот јазичен свет, вели во своето обраќање професорот на Филолошкиот факултет Марјан Марковиќ на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители.

-Територијата на којашто опстојувал подолг период била под римско и византиското влијание, а најдолг период под Отоманската империја. Народите и јазиците со коишто стапил во интеракција на истата територија генеалошки биле не толку сродни (латино-романски (аромански, мегленоромански), грчки, албански, ладино, подоцна и турски). Сето тоа го принудило македонскиот јазик постојано да се адаптира, да иновира, да еволуира со цел да постигне поеднозначна комуникација како меѓу говорителите на македонскиот јазик, така и со говорителите на другите јазици на пошироката територија. Македонскиот јазик морал постојано да се адаптира и токму таа моќ за адаптација овозможила тој да не исчезне, туку да има постојан континуитет низ сите периоди. Тој преку своите дијалекти опстојувал и еволуирал без оглед на непостоењето на некакви општествено политички рамки (автономност, држава, институции, норма, ….). Гледано од лингвистички аспект, токму таа слобода во развојот на живата комуникација овозможила забрзување на јазичните еволутивни процеси преку постојана самоорганизација на системот. Во рамките на граматичкиот систем, македонскиот јазик има специфичности кои го првата не само посебен, туку и многу интересен за проучување во славистиката. Имено, глаголскиот систем на македонскиот систем е најбогат и најразгранет од сите словенски јазици бидејќи во себе чува голем број на наследените категории уште од прасловенскиот период, оценува Марковиќ.

Тој додаде дека во однос на категоријата време, македонскиот јазик ги зачувал наследените прости минати времиња аорист и имперфект, (минато определено свршено и несвршено време), и ги развил сложените минати времиња, односно. Конструкциите со помошниот глагол сум  + л-форма.

-Доколку како пример го земеме полскиот јазик кој исто така на некој начин е на периферијата на словенскиот свет (гледано од географски аспект), во однос на минатите времиња тој зачувал само една форма (со л), па така би имале: pracowal, oglądał, śpiewal,… додека во македонскиот јазик постојат многу поголем број можности: имперфект – незавршено Тој ја градеше куќата.; аорист завршено (и засведочено) дејство: Тој ја изгради куќата. Потоа: Тој ја градел куќата. Тој ја изградил куќата (незасведочено  / прекажано дејство); Тој ја беше изградил, Тој ќе ја ја изградеше, Ќе ја изградел куќата… Но, исто така, македонскиот јазик е единствениот словенски јазик кој во својот систем ги вградил перифрастичните конструкции за изразување сложени минати времиња од типот: Имам работено; Имам дојдено, Имам читано, Сум јаден, Сум пиен… Тие конструкции се навлезени во интеракција со другите балкански јазици (алб. Kam punuar / аром, am lukrata)…особено со цел за поголемо и појасно разбирање меѓу говорителите на балканските јазици. Таа потреба за комуникација била особено силна во отоманскиот период, што овозможило силен развој на т.н. Балканска јазична заедница. Таа слободна комуникација меѓу луѓето и силна интеракција меѓу јазиците и дијалектите вила овозможена и од тоа што во долг период немало граници на балканските простори и јазиците и дијалектите биле во постојана меѓусебна интеракција, смета Марковиќ.

Според професорот тоа богатство во глаголскиот систем на македонскиот јазик сведочи не само за потребата на говорителите на македонскиот јазик да ја пренесат временската рамка на дејството, туку и да внесат елементи кои се однесуваат на тоа дали дејството е завршено и ли не, дали биле присутни или не, дали некој им го пренел тоа а не биле сведоци, како и да заземат личен став (дистанца, чудење, неверување и сл.) во однос на вистинитоста на информацијата што е пренесена.

-Така конструкциите со помошниот глагол сум + л-форма можат да навлезат и во зоната на модалноста и да не се однесуваат само на временската одломка. Па ако сакаме да изразиме дистанца, неверување, чудење, би употребиле конструкции со л-форма, додека доколку сакаме да пренесеме факт без личен став, често ја употребуваме конструкции со помошниот глагол имам + н/т партицип. Таа разгранетост на македонскиот глаголски систем му овозможува посебно место во проучувањето на сите словенски јазици и ја збогатува лингвистиката и воопшто науката. Ако пак ја погледнеме лексиката / односно зборовниот фонд на македонскиот јазик, повторно можеме да кажеме дека до израз доаѓа неговата специфичност и важност во рамките на словенскиот свет. Особено што на македонската дијалектна територија имаме голема лексичка разнообразност којашто е наслоена со векови и има различно потекло. Секако, најголем дел од називите можат да се реконструираат во однос на нивното прасловенско потекло, но како што сите знаеме, на македонската дијалектна територија се јавуваат и голем број туѓи називи кои се плод на многувековната интеракција со другите балкански несловенски јазици, вели Марковиќ.

Професорот потенцира дека токму тоа непроценливо лексичко богатство кое во себе го содржат македонските дијалекти ја покажува и ја поттикнува потребата за негово проучување, а и споредба со другите словенски јазици во пошироки рамки.

-Не само дијалектната лексика, туку и воопшто целата јазична структура на македонскиот јазик покажува како еден јазик може да се адаптира кон променливата општествена и културна околина, а долг период немајќи норма, и да опстане длабоко реорганизирајќи го својот граматички систем. Со тоа, македонскиот јазик, задржувајќи ја виталноста на своите дијалекти, овозможувал полесна и појасна комуникација помеѓу своите говорители, а исто така, создавајќи заеднички длабински модели, овозможил и поголемо разбирање со другите балкански јазици. Токму таа уникатност и посебност на македонскиот јазик е една од причините за неговото високо место во меѓународните лингвистички, социолошки и културолошки проучувања. Затоа, можеме да кажеме дека клучот за континуитетот и опстанокот на македонскиот јазик е токму во неговата способност да се адаптира кон промените, да ги вгради во својот систем и со тоа да биде модел во пошироки рамки за тоа како еден јазик дури и во доста неповолни околности може да стане одржлив, еволутивен и иновативен, заклучи професорот Марковиќ.

 

 

македонски јазик Марјан Марковиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.