Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марковски: Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето

0
By Marija Todorovska on September 4, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кандидатот за градоначалник на Скопје, проф. Горан Марковски и носителката на кандидатската листа за советници во Град Скопје на граѓанската платформа „Независни заедно“, Јана Белчева Андреевска, денеска одржаа пресконференција во близина на депонијата.

Тие потенцираа дека денеска се таму за да покажат солидарност со сограѓаните кои се најзасегнати со проблемот на Вардариште. И дека овој проблем иако наследен од минатото, ќе биде нивна обврска во градот Скопје.

Проф. Марковски истакна дека решението кое долго време се игнорирало мора да биде стручно.

„Не се преземени никакви стручни мерки за тоа што ќе се прави со гасовите коишто се ослободуваат од распаѓањето на ѓубриштето. Во околу ѓубриштето има голема количина на метан. Метанот е лесно горлив материјал и мала искра предизвикана од било што може да предизвика пожар. Ние сме за трајни решенија коишто ќе им овозможат на скопјани да дишат нормално, особено на оние наши сограѓани кои живеат во околината на Вардариште. Постојат методи, стручни методи денес и многу актуелни. Постои можност оваа енергија којашто денес ни создава проблем да ја искористиме и за производство на електрична енергија. Само треба знаење, одговорност и секако независност.“ вели Марковски.

Тој порачува дека за да се реши проблемот со депонијата постојат неколку пристапи.

„Едниот пристап е да со помош на одредени цевки се собере метанот и потоа се одлучува што ќе се прави со него. Со него меѓу другото може да се користи и за производство на електрична енергија. Постојат и други методи коишто се веќе применети на над 200 локации во Европа.“

Јана Белчева Андреевска потсети дека за депонијата има многу стручни насоки како да се тргне од листата на црни точки на градот кои досега се игнорирани.

„Ако се следеле чекорите само со спроведуваме на ЛЕАПот: како чистење на дивите депонии, рекултивација на Вардариште според стручните студии, модернизација на системите за исцедок и гас, и зајакнување на селекцијата и рециклирањето, веќе ќе имало резултати. Затоа, основа за нашето работење нема да бидат нови стратешки документи, туку исполнување на усвоените планови, и усогласување со безбедносните стандарди за заштита.“ рече Јана Белчева Андреевска.

Белчева Андреевска смета дека планот за решение истовремено треба да е реален и модерен: од тоа да се затвори просторот за диво депонирање, да се воведе 24/7 периметарска контрола со видео-аналитики и препознавање регистарски таблички, а преку термални камери и дронови со термални и спектрални сензори да ги откриваме жариштата и новите истурања уште во зародиш. Податоците би се интегрирале во единствен систем со јасни индикатори и јавна отчетност.

„Нам сојузници во овие напори мора да ни бидат граѓаните кои се будни, свесни и бараат промени и ќе го дадат гласот за оние кои веќе биле активни, и ќе продолжат да работат за јавниот интерес – а тоа е чист воздух и здрава животна средина“ вели Белчева Андреевска.

Вардариште горан марковски Јана Белчева Андреевска независни заедно
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.