69-годишен Британец, кој беше затворен за „хомосексуални акти” во Мароко е пуштен на слобода, пренесува Би-Би-Си.
Реј Кол, беше обвинет на затвор од четири месеци со неговиот марокански партнер Џамал џем Валд Нас, откако беа пронајдени компромитирачки слики на неговиот телефон.
Адријан Кол, неговиот син, претходно изјави дека се надева оти мароканските власти ќе го депортираат неговиот татко, а не да го задржуваат во затвор.
На Фејсбук се покрена онлајн петиција во знак на поддршка на Кол.
#freeraycole беше хаштагот кој се користеше на Твитер за да се подигне значењето на случајот.
Реј Кол, кој ќе наполни 70 години на 25 октомври, беше четири од пет недели одмор во Мароко, кога беше уапсен на автобуска станица од полицијата.
Кол отишол во оваа северноафриканска земја за да го види 20-годишниот Нас по втор пат, откако развиле пријателство на Фејсбук.
Полицијата го запрел парот додека чекале на автобуската станица во Маракеш на пат кон станот на Кол.
Тие беа уапсени откако полицијата нашла слики кои покажувале знаци на хомосексуалност на телефонот на Кол. Од минатиот четврток, тој ја служеше казната затвор од четири месеци.
Хомосексуалноста е кривично дело во Мароко, како и сексуалните односи надвор од бракот.