Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марш за живот: Битола сака да живее, Битола мора да живее

0
By Нова ТВ on December 13, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во организација на здружението на граѓани „За нас се работи“, а под мотото „Марш за живот – Битола сака да живее, Битола мора да живее“, денеска граѓаните на Битола излегоа на вториот протестен марш против алармантното загадување на воздухот во градот под Пелистер.

Како што рече Горан Пинза, член на здружението „За нас се работи“, на граѓаните на Битола им е доста од пилот-програми, физибилити студии и ветувања дека некогаш нешто ќе се направи.

– Граѓаните сакаат да знаат кога и што конкретно ќе направат надлежните за решавање на проблемот. Ако ние како граѓанска организација која постои 2 и пол месеци успеавме да донесеме мобилна мерна станица, тогаш се прашуваме како може општина која го има еден од најголемите буџети во Република Македонија да не може, односно да не сака да започне со решавање на проблемот, рече еден од организаторите на протестниот марш, Горан Пинза.

Денешниот марш граѓаните го започнаа од пред споменикот на Стив Наумов, од каде преку „Широк Сокак“ се упатија пред зградата на локалната самоуправа.

Од пред зградата на Општина Битола на големиот број граѓани кои денес по втор пат го кренаа гласот против континуираното загадување на воздухот, им се обрати членот на здружението „За нас се работи“, Иван Јерчиќ.

Според Јерчиќ, граѓаните на Битола уште еднаш докажаа дека можат да бидат солидарни во една идеја и одговорни кон идните генерации. Тој исто така потенцираше дека во изминатите неполни 3 месеци, здружението „За нас се работи“ заедно со граѓаните иницирале многу прашања и дошле до многу нови сознанија.

– Направивме да се зборува за проблемот, направивме да се отвори прашањето за аерозагадувањето. Сите донесени решенија, сите затскриени заклучоци, сите во фиока сокриени акциони планови да го видат светлото на денот. Сите ние сега знаеме што е, а што не е направено по однос на аерозагадувањето во Битола. Успеавме да направиме една граѓанска иницијатива да влезе на расправа во Советот на Општина Битола и по неа да се донесат заклучоци, рече Јерчиќ.

Претставници на здружението „За нас се работи“ беа примени од страна на битолскиот градоначалник Владимир Талески, на кого му ги доставија нивните барања: поправка на постојната или поставување нова мерна станица во центарот на Битола, изработка на регистар на аерозагадувачи врз основа на резултатите од хемиската анализа на ПМ 10 честичките и постапување по истите, како и доведување во квалитетот на воздухот во рамките на нормалата.

Од денес во Битола започна со работа мобилната мерна станица која ја обезбеди здружението „За нас се работи“ и која во следните 14 денови ќе ја мери загаденоста на воздухот во централното градско подрачје.

Измерените податоци ќе бидат однесени на анализа во овластена лабораторија во Србија, а добиените резултати здружението ќе ги достави до локалната самоуправа, која после тоа ќе има задача да преземе конкретни мерки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.