Германскиот пратеник Мартин Шулц е резибран за претседател на Европскиот парламент. На тајно гласање за него гласаа 409 од вкупно 721 присутен пратеник во Европарламентот, но само 612 гласови биле валидни.
Останатите тројца против-кандидати не успеаја ниту да му се приближи со бројот на освоени гласови.
Шулц и припаѓа на групата на социјалдемократи, со оглед на тоа што е член на германската Социјал-демократска партија, но пред почетокот на седницата припадниците на десницата во Европскиот парламент – Европската народна партија најавија дека ќе го поддржат неговиот избор.