Мартин Шулц е новиот претседател на Германската социјалдемократска партија (СПД). Конвенцијата за избор на нов претседател се одржа денеска, а Шулц едногласно беше избран за претседател.
Шулц е поранешен претседател на Европскиот парламент и актуелен кандидат за германски канцелар.
Парламентарните избори во Германија се закажани наесен.