Шефот на германската дипломатија Хајко Мас при доделување на наградата за човекови права за 2020 на премиерот Зоран Заев во Берлин истакна:
„Драг Зоран ти си влевател на надеж на една цела генерација на која им беше доста од национализам и со политика која беше конфронтирана која беше насочена повеќе кон минатото отколку кон иднината. Ти стана предводник на едно национално единство и врската со Европа. Ти ја зајакна правната држава и се бореше за независно судство, корупција, донесе достоинство… и тоа беше првиот чекор до патот на Европа. Ти си влевател на надеж во многу нерешени конфликти на овој свет, чест ми е да ја врачам наградата на еден реформатор, далекуглед политичар и пред сè Европеец“.