Дали марихуаната е лек, комодитет или потреба. Дали употребата и производството на марихуаната во медицински цели го отвори полесниот пат за легализација и декриминализација на канабисот. Зошто пациентите, корисниците за рекреативна употреба и активистите се најдоа на иста релација. Дали бизнисот замеша прсти и во ова?
За моделите на легализација, за тоа зошто треба прво да се декриминализира марихуаната за лична употреба. Што вели психијатријата, има ли опасност за младите под 18 години од користење на зелената билка? Дебатираат Маја Морачанин пратеничка во Собранието на РМ, од ДОМ, Др. Славица Арсовска невропсихијатар, Давор Ангеловски, корисник и претставник на Зелена Алтернатива и Наташа Бошкова адвокатка, Невладина организација ХОПС.