Толпа од десетици илјади луѓе протестираа во Рим против проектот за реформа на законите со кои се регулира пазарот на трудот, јавува Франс прес.
Во обид да ја раздвижи економијата премиерот Матео Ренцо нуди законски промени кои се олеснителни за компаниите кои сакаат да го намалат бројот на вработени.
Издигајќи црвените знамиња на синдикатот Италијанската конфедерација на трудот (CGIL), демонстрантите – главно студенти и младежи – водеа една од четирите поворки во италијанската престолнина.
Тие инсистираа да се намали младинската невработеност и да има подобра заштита при првичното вработување.
Невработеноста кај младите во Италија сега е 44 отсто, а повеќето од првичните позиции се привремени, без безбедност и бенефиции. Денешната демонстрација е првиот голем протест против Демократската партија, што е историски поврзан со синдикатите.
Протестот ќе продолжи и утре.