На централниот киевски Плоштад на независноста (Мајдан) синоќа изби масовна тепачка, а украински медиум јавуваат дека се слушнале и пукотници и експлозии и оти има повредени.
Сведоци тврдат дека повеќе од 100 луѓе наводно припадници на десничарската УНА, се упатиле кон Мајдан за да оддадат почест на жртвите од антивладините протести кои траеја повеќе од три месеци.
На плоштадот меѓутоа, ги дочекале припадници на самоодбраната на Мајдан и им го блокирале патот, по што избила тепачка.
Десничарите во тепачката користеле и солзавец, петарди и шок-пипштоли, а многумина со себе носеле палки и стапови.
Украинсиките медиуми јавуваат дека има голем број повредени. Припадниците на самоодбрана на крајот дозволиле преминување на групата десничари кои се упатиле кон украинскиот парламент.